Author: admin

Индискиот врховен суд одби да ја стави во мирување одлуката за декриминализација на геј сексот во земјата. Врховниот суд соопшти дека одлуката на судот во Делхи не содржела „казнени последици“, и побара од владата јасно да се произнесе во врска со ова прашање во следните два месеца.

Одлуката на судот во Делхи беше оспорена од еден астролог и еден  јога гуру. Во својата петиција астрологот Suresh Kaushal вели дека индиските антички писанија и вредности не ја дозволувале хомосексуалноста и дека неодамнешната одлука на судот ќе влијаела врз ширењето на ХИВ и СИДА.


Конфилкниот став на Русија во врска со растечката криза поврзана со употребата на дроги, критицизмот кон Запад од една страна, а пак молкот дома од друга страна, не допира до самиот проблем, но исто така и предизвика неупатени и опасни истражувања за решение.

Во Chelyabinsk, Државниот институт за ласерска хирургија ги превзема работите во свои раце. Во зградата од периодот на Советскиот сојуз, од почетокот на 2000-та година, директорот Arnold Kosel и неговите колеги имаат спроведено серија на експерименти врз зависници од дрога. Најпрво, прикачувале електроди на предната и задната страна на главите на пациентите, и во период од 24 часа им пуштале електрични шокови со низок интензитет, со надеж дека ќе го неутрализираат делот од мозочната поткора која е задолжена за зависното однесување. Експериметот се спроведувал во период од две години и низ него поминале 300 лица.

Потоа, Kosel ја продолжил својата работа употребувајќи ласери, најпрво на староци и кучиња, а потоа и на човечки суштества. Од 2001-та до 2004-та, докторот и неговиот тим дупчеле 5 милиметарски дупки во черепите на пациентите и со ласер гореле делови од нивниот мозок. Вкупно, 104 лица биле третирани на овој начин.


Oбјавено е 24-тото издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN) за април и мај.

Од билтенот издвојуваме:

Македонија: Сексуалните работници можат да бидат добри едукатори.
Мај 20-ти - 24-ти, 2009-та, Скопје - 13 сескуални работници од три града имаа средба на тренинг за врсничка едукација која беше организирана од ХОПС и ХЕРА, претставник на SWAN во Македонија, а подржана од UNFPA во Македонија. Повеќе…

Сексуалните работници во Индија лекции по карате
Сексуалните работници во јужно-индиската Тамил Наду започна да земаат лекции по карате со цел да се заштитат себе си од насилните муштерии и макроа. Повеќе…

Судот во индискиот главен град Делхи донесе одлука дека сексуалниот однос помеѓу согласни лица од ист пол не претставува криминален акт. Со оваа одлука се укинува 148-години стариот колонијален закон кој го опишува сексуалниот однос помеѓу две лица од ист пол како „неприроден прекршок“.

Хомосексуалниот секс во Индија досега беше казнуван со 10-годишна затворска казна. Многу луѓе во Индија ги сметаат врските помеѓу лица од ист пол за нелегитимни врски. Групите за застапување на правата долго време се обидуваа да покажат дека овој закон им противречи на човековите права. 


Во очекување на геј прајд парадата која ќе се одржи на 27-ми јуни во Софија, главниот град на Бугарија, организацијата International Queer Solidarity Network (IQSN) која ги застапува правата на геј популацијата повика на европска мобилизација, со подршка од САД, за солидарност со организаторите на фестивалот Queer Bulgaria.

Група на претставници на Коалицијата  за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници
ќе присуствува на настанот. Програмата на прајдот можете да ја проследите на следнив линк http://www.bgogemini.org/eng/

Првата геј прајд парада во Бугарија се одржа минатиот јуни и беше пресретната од контра-протест организиран од ултра-националистите Бугарската национална алијанса. Во тој период Бугарска национална алијанса повика на „недела на нетолеранција“ под мотото „Бидете нетеолерантни, бидете нормални!“


Најголемото внимание во реконструкцијата на француската влада деновиве предизвика назначувањето за министер за култура на 61-годишниот внук на легендарниот француски социјалистички претседател Франсоа Митеран, Фредерик, кој ќе биде првиот француски министер кој отворено признава дека е геј.

Фредерик Митеран е режисер и на министерската позиција доаѓа од местото директор на престижниот културен центар во Париз, „Вила Медичи“. И покрај семејното потекло, тој никогаш не станал социјалист и не се занимавал со политика.

Комесарот на локалната област Kawempe во Кемпала, Уганда, Edward Sekabanja изјави дека сексуалните ранотнички го испратиле да му пренесеингормација  на претседателот Museveni дека тие сакаат да бидат застапени во националниот парламент.

Sekabanja вели дека кога бил на обиколка на селата во Kawempe се сретнал со одреден број на сексуални работници кои му рекле дека ги има во голем број во Уганда и дека треба да им се даде шанса да изберат свој претставнк во парламентот.



Пекинг – Минатата среда организаторите успеаа да го одржат отварањето на петдневниот фестивал пекиншкиот квир филмски фестивал без помошта од полицијата и без прекини, привлекувајќи малобројна публика од уметничкиот крај Songzhuang кое се наоѓа на маргините од градот.

За кинеската геј заедница, минатонеделниот филмски фестивал и уметничка изложба за сексуална разноличност во Пекинг, заедно со минатонеделниот геј прајд во Шангај, се тивки чекори напред по години на бавен, но безгрешен прогрес.


Почетокот на геј прајдот беше одбележан со присуство  на големо обезбедување околу центарот на геј заедницита во паркот Gan Meir во Тел Авив минатиот петок. Учесниците имаа можност да посетат штандови на разни организации на ЛГБТ популацијата.

Меѓу учесниците присуствување и група на родители кои ја изразуваа подршка на сексуалнита ориентација на своите деца, како и група на постари геј лица и лезбејки.

Во близина на паркот мала група на демонстранти протестираа против одржувањето на прајдот. Десничарски активисти и реалигиозни луѓе  носеа знаци со натписи „Бог презира хедонисти“ и „Животинска парада“.

Германскиот парламент гласаше во полза да се одобри препишување на хероин за долгогодишни корисници кои не успеваат да се прилагодат на поинакви третмани. Одобрен од долниот дом на Бундестагот со 349 гласови „за“ и 198 „против“, оваа мерка се оденсува замо на лица постари од 23 години.

Уште некои услови кои треба да се исполат за да може да се препише на хероин е корисникот да биде зависник најмалку 5 години и има пројдено два неуспешни обиди во програмите за рехабилитација.


Децата на родители лезбејки имаат помал ризик да заболат oд ментални заболувања

Децата кои растат со лезбејски родители имаат помал ризик од развивање на психички пореметувањаза разлика од децата кои растат во семејство со мајка и татко - покажа студијата изработена од Универзитот на Копехаген, која е и прва студија од таков тип.

Студијата покажа дека 5 проценти од децата од традиционални семејства развиле состојба на депресија или анорексија помеѓу 1992-та и 2008-та, додека тоа се случило само кај 2 проценти од 387-те деца од лезбејските родители кои учествувале во истражувањето.

 


Јужна Африка поседува устав кој ги потврдува еднаквите права на сите граѓани. Таа е една од неколкуте земји во светот со посебен член во уставот во кој се забранува дискриминација против гејови и лезбејки. Но, зад геј френдли екстериерот на Јужна Африка, реалноста е сосема поинаква – таа претставува општество кое во голема мера е хомофобично.

Како и во остатокот на континетот, ставовите спрема хомосексуалноста се движат во правец дека тоа преставува неприродно и неафриканско нешто, или пак да луѓето ја нарекуваат хомосексуалноста „посебна состојба“ која е доаѓа и е охрабрувана од Западот.


Во Тајланд трансродовите мажи се вообичаена слика во градовите и туристичките места. Додека голем број на трансродови лица работат традиционално женски професии како што се кабаре шоуа или пак во озлогласената тајландска секс индустрија, повеќето од нив бараат подобра интеграција во Тајланското општество. Но и покрај високата видливост, трансродовите лица се уште се соочуваат со предизвици во нивните барања за прифаќање.

И покрај репутацијата на Тајланд како сексуално толерантна земја, трансродовите лица се уште се соочуваат со исмевање и се дискриминарани на нивните работни места. Голем број на трансродови лица се занимаваат со проституција, професија која е ризична но се толерира во земјата каде што само еден од три сексуални работници се едуцирани за ХИВ и други сексуално преносливи болести.




Претседателот на САД, Барак Обама, најави дека неделава ќе ја номинира Jenny Durkan, правничка од Сиетл, за државен обвнинител за федералната област која го опфаќа Сиетл .    Bottom of Form

Покрај тоа што таа е правата геј личност номинирана за државен обвинител, таа со заедно нејзината партнерка се родители на две деца. Оваа претстваува уште подобра вест, бидејќи како родител ќе биде повеќе сензитивна кон ефектот на нееднаквоста на ЛГБТ браковите  во врска со родителството.

Правниот комитет на сенатот на САД се уште не ја потврдила номинацијата на Durkan. Но, во меѓувреме незината номинација ќе привлече внимание за ефектот на нееднаквост за правата на децата од истополовите пракови, а со тоа ќе го донесе овој проблем пред политичката арена.


Нов Зеланд се смета за една од првите земји во светот која има воведено размена на прибор за инјектирање, сервис преку кој корисниците на дрога кои инјектираат можат да го заменат своите шприцеви и игли за нови, стерилни. Деневиве се одбележува 21-годишнина од првичното воведување.

Кога екипата на Nightline пристигна во центарот за размена на прибор Wellington, од почетокот на денот веќе 500 корисници поминале во центарот да разменат прибор, а сеуште не е беше поминатапобладневниот метеж.

„ Стереотипот за валкан „џанкер“ сеуште постои, но мислам дека е далеку од реалната престава“ – вели менаџерот на центарот Charles Henderson. 


Полицијата во Русија го растури протестот на активистите за права на гејовите во Москва, чија цел беше да привлече внимание поради забраната на геј парадата која требаше да се одржи за време на Евровизискиот избор на песна.

Околу 30 лица биле собрани во близина на универзитотот за да изразат протест кон забраната на геј парадата во Москва. Повеќето од нив биле одвлечкани од полицијата за време на скандирањето на слогани. Британскиот активист за геј права, Peter Tatchell, беше еден од приведените.

Контра-протестот на националистичките и религиозните групи не беше попречен од властите и се одржа во друг дел на руската престолнина.

Групата која протестираше за геј права, вееше знамиња и скандираше слогани во кои се бараа еднакви права и се осудува третманот на гејовите и лезбејките во Русија.

Најмалку 20-тина беа уапсени кога полцијата го разбивала протестот.


Њујорк, САД – Римокатоличкиот архибискуп Rembert Weakland, кој се повлече од служба во 2002-та поради финансиски и секс скандал, напиша мемоари во кои зборува за својата борба во врска со неговата сексуална ориентација.

Книгата насловена „A Pilgrim in a Pilgrim Church: Memoirs of a Catholic Archbishop" треба да биде објавена во јуни и од страна на издавачот е опишана како автоанализа на психолошкиот, духовниот и сексуалниот развој на Rembert Weakland.

„Во текот на неколку изминати месеци, почнав да се соочувам со колку фактот дека сум под тензија и дека живеам без радост“ – пишува Weakland  - „Се чувстував како најголемиот лицемер на светот.

Според студијата „Nowhere to go: How stigma limits the options of female drug users after release from jail“, жените кои употребуваат алкохол и дрога, а се на заминување од затвор, се соочуваат со многу предизвици за успешна реинтеграција во општеството и сериозно се попречени од стигмата врз  корисници на дрога и поранешните затвореници.

Квалитативната студија била спороведена преку индивидуални интервјуа и фокус групи составени од 17 жени кои неодамна излегле од затвор и кои се справуваат со предизвикот на повторно адаптирање во општеството.

Резултатите се организирани во три главни теми, од кои секоја од нив е поврзана со пребродувањето на влијанијето на стигмата: опстанок (работа и домување), пристап до севиси за треман, и реинтеграција во семејството.


Багдад – Генерално насилството во Багдад е во опаѓање, но не и за една малцинска група. Геј популацијата е на мета на вооружени групи во бранот на убиства во текот на минатиот месец, во која беа убиени 25 млади мажи.

„Знаат дека сум геј. Не знам дали ќе бидам убиен, тоа зависи само од Бог“ – вели Moyad, 38-годишен жител на Багдад кој не сакаше да открие своето презиме поради тоа што е загрижен за својата безбедност.

Видно исплашен, тој вели дека дека има многу пријатели кои биле садистички измачувани, некои дури и убиени. „Една од методите на тортура се и ставање лепило во анусите, некои болници одбиваат да ги третираат. Дали ова е војна против хомосексуалците?“ – прашува тој.


Повик за декриминализација пред Светското првенство во 2010-та

Лоби групата Sweat - Sex Worker Advocacy Taskforce побара од владата на Јужно Африка да ја
забрза постапката за декриминализација на сексуалната работа пред Светското првенство во фудбал
во 2010 година. Групата истакна правата на сексуалните работници треба да бидат признати и
заштитени, не само за време на Светското првенство.

Координаторот на Sweat, Vivienne рече дека сексуалните работници можат да имаат корист од
Светското првенство само доколку индустријата е декриминализирана и регулирана. „Свесни сме
станува збор за долг процес, но се надеваме дека Светското првенство ќе ја забрза постапката за
декриминализација на индустријата“- вели Lalu.

Суспендираниот полициски началник Jackie Selebi предизвика бура од реакции во јавноста кога
преложи легализација на проституцијата и консумирањето алкохол во јавност за време на Светското
првенство.