Поранешен архибискуп признава дека е геј

Поранешен архибискуп признава дека е геј

Њујорк, САД – Римокатоличкиот архибискуп Rembert Weakland, кој се повлече од служба во 2002-та поради финансиски и секс скандал, напиша мемоари во кои зборува за својата борба во врска со неговата сексуална ориентација.

Книгата насловена „A Pilgrim in a Pilgrim Church: Memoirs of a Catholic Archbishop” треба да биде објавена во јуни и од страна на издавачот е опишана како автоанализа на психолошкиот, духовниот и сексуалниот развој на Rembert Weakland.

„Во текот на неколку изминати месеци, почнав да се соочувам со колку фактот дека сум под тензија и дека живеам без радост“ – пишува Weakland  – „Се чувстував како најголемиот лицемер на светот.


Откритијата дека архибискупот е геј ја разбрануваа црковната заедница во Милвоки, која беше предоводена од Weakland уште од 1977-та година. Тој се смета за херој на либералните католци поради неговата заложба за социјална правда, а во неговите мемоари исто така зборува и за неговите несупешни обиди да ги спречи свештениците кои злоставувле друг лица.
 
Католиците во САД веќе подолго дебатираат за тоа дали свештенството е станато предомонатно геј. Се проценува дека од 25 до 50 проценти од свештениците се геј, според исторажувањето на Rev. Donald Cozzens, автор на книгата “The Changing Face of the Priesthood.