Декриминализиран геј сексот во Индија

Декриминализиран геј сексот во Индија

Судот во индискиот главен град Делхи донесе одлука дека сексуалниот однос помеѓу согласни лица од ист пол не претставува криминален акт. Со оваа одлука се укинува 148-години стариот колонијален закон кој го опишува сексуалниот однос помеѓу две лица од ист пол како „неприроден прекршок“.

Хомосексуалниот секс во Индија досега беше казнуван со 10-годишна затворска казна. Многу луѓе во Индија ги сметаат врските помеѓу лица од ист пол за нелегитимни врски. Групите за застапување на правата долго време се обидуваа да покажат дека овој закон им противречи на човековите права. 



Врховниот суд во Делхи го прогласи овој закон со кој се криминализира хомосексуалноста за дискриминаторски и во „споротивност на основните права“.

Во соопштението на судот се вели дека делот во индискиот кривичен законик во кој хомосексуалноста се дефинира како одност кој оди о против редот на природата е „антитеза на правота на еднаквост.“