Геј прајд во Бугарија

Геј прајд во Бугарија

Во очекување на геј прајд парадата која ќе се одржи на 27-ми јуни во Софија, главниот град на Бугарија, организацијата International Queer Solidarity Network (IQSN) која ги застапува правата на геј популацијата повика на европска мобилизација, со подршка од САД, за солидарност со организаторите на фестивалот Queer Bulgaria.

Група на претставници на Коалицијата  за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници ќе присуствува на настанот. Програмата на прајдот можете да ја проследите на следнив линк http://www.bgogemini.org/eng/

Првата геј прајд парада во Бугарија се одржа минатиот јуни и беше пресретната од контра-протест организиран од ултра-националистите Бугарската национална алијанса. Во тој период Бугарска национална алијанса повика на „недела на нетолеранција“ под мотото „Бидете нетеолерантни, бидете нормални!“



Како што извести The Sofia Echo блиску до 150 лица собраа храброст да маршираат низ софиските улици носејќи балони и симболични знамиња со боите на виножитото.  Лидерот на Бугарската национална алијанса заедно со 80 други лица беа уапсени.

Во соопштение објавено на својот сајт International Queer Solidarity Network ги обвнини ултра-националистите Атака и бугарскиот премиер Сергеј Станишев за нетолеранција, велејќи дека Атака имале отворен повик за претепување на геј лица, а Станишев изјави дека не му се допаѓаат „манифестациите и демонстрациите на таквите ориентации“.

Овогодишниот прајд е во организација на бугарската геј организација “Gemini”, ID Mix Club, Центарот за лезбејки и бисексуалки “Bilitis” и Бугарската активистичка алијанса.