Author: admin

Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, денес, 17-ти мај, вторник, на плоштад Македонија (до книжара Култура, пред споменикот на Александар Македонски во изградба), а по повод Интернационалниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, одржа прес конференција. Прес конференцијата беше истовремено придружена со изложба на отворено, ’Слики против хомофобијата’, која е дел од заедничкиот проект на Charles Meacham и Sarah Baxter - ’Чекори со гордост’. Изложбата симултано се одржува во 20-тина светски градови, вклучително и нејзино поставување во Европскиот парламент.

Како и минатата година, и оваа година во чест на ИДПХ (IDAHO), и годинава Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ доделува благодарници за особен придонес кон еднаквоста на сексуалните малцинства.

   1. Благодарница за „геј-френдли“ пејач (без пружање рака) му доделуваме на Ламбе за изјавата: „Нема да дозволам да ми се пушти или да ми се приближи некој, ако се случи такво нешто, да ме допре некој, ќе остане без рака".

   2. Му доделуваме благодарница и на водителот Тони Михајловски – „Скенерот“, за неговата моќ на препознавање геј и стрејт филмови како и геј и стрејт балади на „Македонски идол“.

   3. Благодарница за апликација на современите квир политички стратегии и најангажирана фото-сторија со наслов „Ороспии со гордост“ му доделуваме на „Вечер“.

   4. Благодарница за најдобра колумна во која ја брани „каузата државата да ги партиципира операциите за промена на полот“ му доделуваме на Јанко Илковски, за колумната „Лепа Брена мења пол“.

Годинава, на МПЦ решивме да и доделиме неколку благодарници:

Прво, заради иницијативата на МПЦ уставно да се забранат хомосексуални бракови, со која демонстрираше дека е во противуставен брак со владејачката партија.

Второ, му доделуваме посебна благодарница и на г-дин Стефан не само за неговите заложби „да се згрижат хомосексуалците“ туку и за неговата православна теорија на еволуцијата, според која Господ не создал човек од „два машки мајмуни или два женски мајмуни“.

Трето, на сите свештеници и монаси од МПЦ им доделуваме благодарница за нивните секојдневни активности за промоција на традиционалното македонско многудетно семејство, не само со зборови, туку и со дела.

Уште еднаш, на сите споменати им благодариме. Без вашиот придонес, Македонија немаше да успее да го допре дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Ви благодариме, оти без вашиот придонес, немаше зад нас да бидат само Молдова, Белорусија и Украина.

Секоја година, на 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија ги потсетува граѓаните во целиот свет дека постои сеуште голема потреба за преземање акција. Во повеќе од 80 земји во светот истополовите сексуални акти сеуште се нелегални, а во одредени ситуации истите се казнуваат и со смртна казна и доживотен затвор. Во земјите во кои хомосексуалноста е нелегална дискриминацијата и физичкото насилство се сеуште чести и загрижувачки појави. Иако во некои земји во светот се забележува значителен прогрес, сепак истиот е постојано под закана.

Од почетокот на годинава во Македонија стапи во сила и новодонесениот Закон за спречување и заштита од дискриминација, закон кој ја исклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за забрана на дискриминација. И покрај овој легалистички акт, во Македонија сеуште е сериозно изразено отсуството на афирмативна и позитивна политичка атмосфера и свесност за почитување на сексуалните и човековите разлики, како и за борбата против насилството и дискриминацијата кои се случуваат врз основа на истите.

Истиот настан, со вечерна програма, со почеток во 19.30ч, во клубот ГЕМ, ќе биде збогатен со проекција на филмот ’Оттаде розевата завеса’, дискусија на тема ’Национализам, хомофобија и насилство’, настап на хорот Распеани скопјани, како и поставување на изложбата.

 


На 17-ти мај 2011 во клубот ГЕМ со почеток од 19.30 часот, Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ Ве поканува на Настан по повод светскиот ден на борбата против хомофобијата и трансфобијата: · Настап на Скопскиот уличен хор: Распеани Скопјани · Проекција на филмот Отаде розевата завеса и Дискусија на тема: Национализам, хомофобија, насилство Воведничари: Катерина Колозова и Станимир Панајотов Фасилитатор: Жарко Трајаноски · Мини коктел Крајот на комунизмот во Европа донесе обновена слобода за милиони граѓани од Источна Европа. Хомосексуалноста стана легализирана, но хомофобијата се` уште останува вкоренета како институционална практика во овој дел од светот. Други филмови го документираат овој проблем во регионот. Тие ја опишуваат Розевата завеса како замена на Железната завеса и покажуваат како Геј Прајдовите се претвораат во паради на насилството. Но, овие филмови ја игнорираат хомофобијата во Западните општества. Ваквите погрешни дистинкции ја прескокнуваат можноста од меѓусебно подучување на Западот и Истокот во насока на борбата за еднаквост. Ја забораваме моќта, но и одговорноста на ЕУ да не` заштити. Сексуалноста и хомофобијата ја надминуваат националноста. Оттука, границите не треба да дозволат хомофобијата да преовлада: Ние треба да гледаме Отаде Розовата завеса. Катерина Колозова е професорка по филозофија, родови студии и епистемологија во Институтот за општествени науки и хуманистичкиистражувања „Евро-Балкан“ во Скопје како и на други универзитети во земјава и надвор. Авторка е на повеќе трудови од областа на филозофијата и родовите студии. Во моментов е деканка на одделот за последипломски студии на Институтот „Евро-Балкан“. Работи како истражувач, а повремено пишува колумни во  дневни весници. Станимир Панајотов е роден 1982 година во Сливен, Бугарија. Во 2004 година дипломира Филозофија на Универзитетот во Софија, Бугарија. Своето образование го продолжува во Македонија кадешто запишува последипломски студии по Филозофија и род на Институтот Евро Балкан. Од 2003 година публикува научни текстови и рецензии во својата земја, но и во странство.  Работи и како преведувач (од англиски, македонски и бугарски јазик) на книги и научни текстови од областа на хуманистичките и општествените науки,  родовите студии и квир теоријата. Тој е активист за правата на ЛГБТ популацијата во Бугарија и член на Организациониот комитет на Sofia Pride. Жарко Трајаноски е магистер по човекови права. Неговата магистерсика теза е од областа на сексуалноста и човековите права. Долги години работи како активист за човекови права на маргинализираните заедници. Бил уредник на списанието Идентитети и предавач на школата за род и политика на Институтот Евро Балкан. Во моментов работи како консултант во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Коалиција СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИ ЗАЕДНИЦИ во
ГЕМ клубот  на 03. 05. 2011 со почеток во 19:30 часот Ве поканува на

Проекција на филмот XXY и
Дискусија на тема: Проблеми со полот/родот
Воведничар: Јасна Котеска
Фасилитатор: Жарко Трајаноски


Како приказна за својот прв филм XXY Аргентинската режисерка Lucía Puenzo го одбира краткиот расказ на својот сопруг Sergio Bizzio во кој се зборува за влезот во адолесценцијата на едно интерсексуално дете. 15-годишната Алекс, родена со хромозоми од двата пола, се соочува со проблеми со родот додека експериментира со својата сексуалност и сексуални однесувања. Алекс е на возраст на која сака да направи избор во врска со родот, но нејзиното семејство, како и пријателот кој е хирург имаат различни идеи и мислења. Сексуалното експериментирање со Алваро (синот на хирургот) отвора преспектива на рефлексија помеѓу двајцата во однос на нивните сексуални улоги.

Филмот ги прикажува превирањата со кои се соочува Алекс, наспроти расказот кој е фокусиран на клиничките детали до тој степен што го прави гледачот многу повеќе љубопитен отколку емпатичен. Кога тројцата хулигани ја напаѓаат на плажа, воајеризмот на гледачот е во соучесништво со целите на напаѓачите.

Филмот XXY успешно ги отвора темите на поврзаноста на родот и сексуалноста на начин на кој се одбиваат брзи и едноставни одговори на познатото прашање: Машко е или женско?

По филмот следува дискусија на тема „Проблеми со полот/родот“ на која воведничар ќе биде Јасна Котеска, а фасилитатор Жарко Трајаноски.

Јасна Котеска е професорка по книжевност, теоретска психоанализа и родови студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.  Магистрирала Родови студии на Централниот Европски Универзитет во Будимпешта, а докторирала на Kнижевност и родови студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Била предавач на школата за род и политика на Институтот Евро Балкан, како и уредник на списанијата Блесок и Идентитети. Работи во областа на теоретската психоанализа (Фројд, Лакан, Кристева, Жижек и др), книжевна теорија и родови студии. Нејзиниот интерес е сосредоточен на различни теми како интимност, санитаризација, феминизам и слично. Исто така повремено пишува колумни во дневните и неделните весници како Дневник, Глобус, Форум и други.
 

Жарко Трајаноски е магистер по човекови права. Неговата магистерсика теза е од областа на сексуалноста и човековите права. Долги години работи како активист за човекови права на маргинализираните заедници. Бил уредник на списанието Идентитети и предавач на школата за род и политика на Институтот Евро Балкан. Во моментов работи како консултант во Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.





Европскиот парламент го прифати годишниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси, барајќи од државата да ја забрани дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.

Во јануари 2010-та, македонската влада ја отстрани сексуалната ориентација од листата на основи според кои треба граѓаните да бидат заштитени од дискриминација во новиот закон за антидискриминација. Членовите на Европскиот парламент протестираа, а Европската комисија ја потсети Македонија дека приемот во ЕУ е условен од вклучувањето на сексуалната ориентација во законот за антидискриминација.

Во резолуцијата која беше усвоена со големо мнозинство на членовите на Европскиот парламент, се изразува жалење дека во спротивност на европската легислатива, сексуалната ориентација е отстранета од законот како основа за дискриминација. Европскиот парламент повика на брзо услогласување на националните закони од ова поле со европските закони и зајакнување на механизмите за мониторинг, и потенцираше дека тоа е дел од условите за прием во ЕУ.

За жал, резолуцијата на европскиот парламент не препорача забрана на дискриминацијата по основа на родов индентитет.

Улирике Луначек, член на парламетот и копретседател на Меѓугрупата за ЛГБТ правата, реагираше: - Бев дел од сослушувањето за овој закон во Македонскиот парламент во фебруари минатата година и мојата порака останува иста - политиките кои се основаат на неинформираност и страв се погрешни и водат во погрешен правец. Законите за антидискриминација се стожер за еднаквоста во општествата, недискриминацијата е основно право во ЕУ. Македонија треба да престане со замижувањето пред малцинствата и треба да овозможи заштита на сите граѓани без исклучок.

Резолуција ги изрази грижите на полето на еднаквоста, вклучувајќи ја слабата Национална комисија за заштита од дискриминација и ниските ефективни права на жените во земјата.


Европскиот парламент го прифати годишниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси, барајќи од државата да ја забрани дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.

Во јануари 2010-та, македонската влада ја отстрани сексуалната ориентација од листата на основи според кои треба граѓаните да бидат заштитени од дискриминација во новиот закон за антидискриминација. Членовите на Европскиот парламент протестираа, а Европската комисија ја потсети Македонија дека приемот во ЕУ е условен од вклучувањето на сексуалната ориентација во законот за антидискриминација.

Во резолуцијата која беше усвоена со големо мнозинство на членовите на Европскиот парламент, се изразува жалење дека во спротивност на европската легислатива, сексуалната ориентација е отстранета од законот како основа за дискриминација. Европскиот парламент повика на брзо услогласување на националните закони од ова поле со европските закони и зајакнување на механизмите за мониторинг, и потенцираше дека тоа е дел од условите за прием во ЕУ.

За жал, резолуцијата на европскиот парламент не препорача забрана на дискриминацијата по основа на родов индентитет.

Улирике Луначек, член на парламетот и копретседател на Меѓугрупата за ЛГБТ правата, реагираше: - Бев дел од сослушувањето за овој закон во Македонскиот парламент во фебруари минатата година и мојата порака останува иста - политиките кои се основаат на неинформираност и страв се погрешни и водат во погрешен правец. Законите за антидискриминација се стожер за еднаквоста во општествата, недискриминацијата е основно право во ЕУ. Македонија треба да престане со замижувањето пред малцинствата и треба да овозможи заштита на сите граѓани без исклучок.

Резолуција ги изрази грижите на полето на еднаквоста, вклучувајќи ја слабата Национална комисија за заштита од дискриминација и ниските ефективни права на жените во земјата.


Промоција на “Годишен извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Р. Македонија 2010“ Коалицијата ’Сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници’ денес, 05.04, во 11.00 часот, во просториите на НВО Инфоцентар (Никола Тримпаре бр. 18 1/5) одржа прес конференција по  повод објавувањето на Годишниот извештај за ситуацијата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници. Збор на прес конференцијата зедоа Славчо Димитров, Извршен директор на Коалицијата, Ирена Цветковиќ, Координаторка на Коалицијата  и Жарко Трајаноски, експерт за човекови права и автор на Извештајот. Годишниот извештај е произлезен во согласност со една од долгорочните стратешки цели на Коалицијата, односно да врши постојано мониторирање, документирање и известување за состојбата со сексуалните и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи, како што се лезбејките, гејевите, бисексуалците и трансродните лица, мажите кои имаат секс со мажи, корисниците на дроги, сексуалните работници/чки и лицата со ХИВ/СИДА. Како резултат на едногодишниот процес на мониторирање, Коалицијата документираше 40-тина случаи во кои се индицираат кршења на сексуалните права и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи.

Судот кој јa донесе историската одлука со која Масачусетс стана првата држава во САД во која се легализираа браковите од ист пол, постои можност да ја добие својата прва геј судија.

Гувернерот Давал Патрик во понеделникот ја номинирше Барбара Ленк за да го пополни отвореното место на Високиот судски совет на Масачусетс. Ленк е лезбејка и е оженета со нејзината партнерка откако Високиот суд донесе одлука во 2003-та година за укинување на државата забрана за браковите од ист пол, сметајќи ја забраната за неуставна.

Патрик изјави за Ленк дека е високо почитувана поради "нејзините остроумни и квалитетни дела и нејзиното внимателното однесување."

Според нејзината биографија Ленк  дипломирала право на Харвард во 1979 година и се приклучила на адвокатска фирма Brown, Rudnick, Freed & Gesmer, а за да подоцна стане партнер и експерт од областа на темите поврзани со Првиот амандман од уставот на САД.


Отфрлајќи ја жалбата на осуденикот на доживотен затвор за убиството на сексуален работник, Врховниот суд во Индија ја поттикна владата да обезбеди стручна обука на сексуалните работници за да им помогне во нивната рехабилитација.

"Одредени жени се принудени да влезат во проституцијата не поради задоволство, туку поради сиромаштијата", беше објавено во соопшение на судот минатиот месец. "Ако на жените им е дадена можност да посетат техничка или професионална обука, со таквата стручна подготовка и стекнатите вештини тие ќе бидат во можност да заработат за својот живот, наместо да го продаваат своето тело."

Сексуалните работници не беа импресионирани од ова сооштение.

"Ова преставува лајнова симпатија", за TrustLaw изјави Вина, трансродов сексуален работник. Вина е преставник на унијата на сексуални работници Карнатака во Бангалор, град во јужниот дел на земјата.

Она што најмногу име е потребно на сексуални работници е декриминализација на нивната работа. Во Индија, сексуалната работа не е нелегална, но активностите околу сексуалната работа, како што се подведувањето или водењето на бордел се казнуваат со парични казни, па дури и затвор.

Владата има рок до 4 мај да ги среди деталите за спроведување на стручна обука. Но, едно е сигурно меѓу сексуалните работници - принудните рехабилитации извршени од страна на државата за "спас“ на сексуалните работници не се патот нанапред.

Соопштението за сексуална ориентација и родов идентитет доби подршка без преседан

(22-ри Март, 2011) Во неверојатен развој за принципите на Универзалната декларација за човекови права, во седиштето на Советот за човекови права при Обединетите нации (UNHRC) во Женева, денес, за време на генералната дебата, Колумбија предаде Заедничко соопштение во која ги повика државите да стават крај на насилство, кривичните санкции и поврзаните кршења на човековите права врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, и го повика Советот за човекови права да ги реши овие важни прашањата. Соопштението беше предадено во име на широка група на 85 земји-членки од сите региони на светот.

Соопштението на тема сексуална ориентација, родов идентитет и човекови права ја доби поддршката на најголемата група на земји до денешен ден. Таа се базира на слично соопштение предадено од страна на Норвешка во Советот за човекови права во 2006-та (во име на 54 членки), како и заедничкото соопштение дадено од страна на Аргентина во Генералното собрание во 2008-та (во име на 66 членки). Јасно е дека секој пат кога станува збор за вакви прашања, се забележуваат мерливи зголемувања на поддршката од страна на членките.

Во текот на истата дебата, Нигерија во име на Африканската група, интервенираше и уште еднаш ја потврди критичната точка дека законите со кои се криминализира сексуалната ориентација треба да се повлечат. Други земји-членки на ОН, на пример, Руската Федерација и Ватикан, исто така, зборуваа против насилство и дискриминација врз основа на сексуална ориентација. Јужна Африка, потписник на заедничкото соопштение, во посебна интервенција истакна дека сексуалната ориентација не е нов проблем за оваа земја, и повика на меѓувладин процес за да се обезбеди отворен дијалог по ова прашање.

За време на шеснаесетата седница на Советот за човекови права, високиот комесар на ОН за човекови права, Navanethem Pillay, изјави: "Ние не се обидуваме да создадеме нови или посебни права. Ние едноставно се обидуваме да одговориме на предизвиците што милиони луѓе се спречени да ги уживаат истите човекови права како останатите граѓани само затоа што тие се лезбејки, геј, бисексуалци или трансродовви лица."

Заедничкото соопштение беше испорачано во име на 119 организации од над 60 земји. Граѓанското општество исто така даде охрабрување за можниот иден дијалог во рамките на Советот, за поддршката на оние земји што сè уште не се чувствуваат во можност да го подржат ова соопштение, но кои ја споделуваат загриженоста на меѓународната заедница за овие системски злоупотреби на човековите права. Тие, исто така, потврдија дека Советот не може да одбие да одговори или да дискутира за кршењето на човековите права на сите поединци.

Група од деветнаесет Национални институции за човекови права, вклучувајќи ги и оние од Кореја, Сенегал и Јужна Африка, исто така, ја потврдија важноста на осудувањето на кршењето на човековите права врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Овие институции се важни за решавање на повредите на човековите права - вклучувајќи ги и истрагите на претставките, разгледувањата на законите и политиките, покренувањето на национални истраги и едукацијата на јавноста - за подобро да бидат заштититени и промовирани правата на луѓето со нетрадиционални сексуални ориентации.

Во заедничкото соопштение се поддржува она што телата за човекови права на ОН постојано го повторуваа: дека никој не треба да се соочи со повреда на правата поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Откога Комитетот за човекови права на ОН во 1994 година одлучи дека сексуалната ориентација е категорија која треба да биде заштитена од дискриминација, експертите на Обединетите нации постојано дејствуваа против злоупотребите кои ги таргетираат ЛГБТ луѓето, вклучувајќи убиства, тортура, силување, насилство, исчезнувања, и дискриминацијата во многу области на животот.

Потписнички на заедничкото соопштение при Советот за човекови права се: Албанија, Андора, Аргентина, Ерменија, Австралија, Австрија, Белгија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Канада, Централна Африканска Република, Чиле, Колумбија, Костарика, Хрватска, Куба , Кипар, Чешка Република, Данска, Доминика, Доминиканска Република, Еквадор, Ел Салвадор, Естонија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Гватемала, Хондурас, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалови Острови, Мексико, Микронезија, Монако, Монголија, Црна Гора, Науру, Непал, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Романија, Руанда, Самоа, Сан Марино, Србија, Сејшели, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајланд, Источен Тимор, Тувалу, Украина, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, САД, Уругвај, Вануату, Венецуела, и Македонија

Геј и лезбејските активисти се шокирани од апликацијата за Епловите производи iPhone и iPad, за која се тврди дека може да ја „излекува“ хомосексуалноста.

Бесплатната апликација, развиена од страна на анти-геј христијанската организација Exodus International, наводно можела да ги научи корисниците "да се ослободат од хомосексуалноста преку силата на Исус".

Апликацијата, која беше објавена на 15 февруари на iTunes, од страна на Епл и бил даден рејтинг од 4+, што значи дека станува збор за апликација за која се смета дека не се содржи непристојна содржина.

"Со искуство од повеќе од 35 години, Exodus е посветена на охрабрување, едукација и опремување на Телото Христово да одговори на прашањето на хомосексуалноста со благодат и вистина" – се вели во описот на апликацијата.

Организацијата, наводно, се залага за техники како што се апстиненција и зајакнување на чувството за машки и женски идентитет кај хомосексуалците кои би требало да бидат решение за нивниот „проблем“.