Сексуалната работа во Јужна Африка:

Сексуалната работа во Јужна Африка:

Повик за декриминализација пред Светското првенство во 2010-та

Лоби групата Sweat – Sex Worker Advocacy Taskforce побара од владата на Јужно Африка да ја
забрза постапката за декриминализација на сексуалната работа пред Светското првенство во фудбал
во 2010 година. Групата истакна правата на сексуалните работници треба да бидат признати и
заштитени, не само за време на Светското првенство.

Координаторот на Sweat, Vivienne рече дека сексуалните работници можат да имаат корист од
Светското првенство само доколку индустријата е декриминализирана и регулирана. „Свесни сме
станува збор за долг процес, но се надеваме дека Светското првенство ќе ја забрза постапката за
декриминализација на индустријата“- вели Lalu.

Суспендираниот полициски началник Jackie Selebi предизвика бура од реакции во јавноста кога
преложи легализација на проституцијата и консумирањето алкохол во јавност за време на Светското
првенство.

Меѓутоа за предлозите на Selebi, Lalu вели: „Тоа што тој го вели не ни одговара. Не гледаме
дека постои можност да се промени законот за времетраење од еден месец, а потоа да се вратиме
на апсење на сексуални работници. Тоа нема никава логика.“

Предлог законот се наоѓа пред комисијата за законски реформи на Јужна Африка и се очекува
наскоро да влезе во парламентарна расправа.