Денеска, на ден 23.11, во НВО Инфоцентар, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, ИЗБОР, СТАР) одржа прес конференција по повод “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, спроведена на 20-21.11 во Скопје.
Во овој број ќе прочитате:
Исповед на сексуален работник | Митови и заблуди околу контрацептивни таблети | Награди за добрите “сексуални работнички” | Шпанците редовно ги користат услугите на проститутките | Здравје и убавнина | Претставен новиот кондом во спреј | Еротски хороскоп
(06.10.2008) Во издание на СТАР, а со подршка од ХОПС, SWAN и SHARP овој месец од печат излезе првиот број на списанието Од нас за нас. Се предвидува списанието да излегува секој месец.
Лична карта на Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ)
ВИЗИЈА
Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ) се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, демократско и слободно општество.