Резултати од студија во Данска

Резултати од студија во Данска




Децата на родители лезбејки имаат помал ризик да заболат oд ментални заболувања

Децата кои растат со лезбејски родители имаат помал ризик од развивање на психички пореметувањаза разлика од децата кои растат во семејство со мајка и татко – покажа студијата изработена од Универзитот на Копехаген, која е и прва студија од таков тип.

Студијата покажа дека 5 проценти од децата од традиционални семејства развиле состојба на депресија или анорексија помеѓу 1992-та и 2008-та, додека тоа се случило само кај 2 проценти од 387-те деца од лезбејските родители кои учествувале во истражувањето.

 






Според Merete Lauberg, од Оделот за јавно здравство на универзитетот на Копенхаген, резлутатите покажуват дека стравот е неоснован дека алтернативните семејства негативно влијаат врз развојот на децата.

Една од причините за ниската стапка може да се должи на фактот дека лезбејките развиваат поголема отпорност во своите животи за разлика од хетеросексуалните родители.

„Отпопорот ве прави посилни, и  тој може да се пренесе децата“ – вели Lauberg.

Уште една причина според психијатрот Per Hove Thomsen се потешкотиите со кои родителите се соочуваат при зачнувње на дете.

Голем број од родителите се соочуваат со предизвикот да имаат дете, но децата на лезбејски мајки се соочуваат особени проблеми“ – вели Thomsen. – „жените треба да направат особен напор за да забременат, и тоа може  да влијае на децата“