Јужна африка:Лезбејките се плашат од силување

Јужна африка:Лезбејките се плашат од силување

Јужна Африка поседува устав кој ги потврдува еднаквите права на сите граѓани. Таа е една од неколкуте земји во светот со посебен член во уставот во кој се забранува дискриминација против гејови и лезбејки. Но, зад геј френдли екстериерот на Јужна Африка, реалноста е сосема поинаква – таа претставува општество кое во голема мера е хомофобично.

Како и во остатокот на континетот, ставовите спрема хомосексуалноста се движат во правец дека тоа преставува неприродно и неафриканско нешто, или пак да луѓето ја нарекуваат хомосексуалноста „посебна состојба“ која е доаѓа и е охрабрувана од Западот.


Но никаде во светот не е поочигледно практикувањето на „поправно“ силување каде што мажите ги силуваат жените кои отворено ја имаат искажано својата сексуална ориентација со цел да ги „корегираат“ во хетеросексуални. Повеќето од овие жени биваат убиени.

„Поправното силување е последица од две нешта во Јужна Африка: насилството врз жените и зголемениот бран на хомофобија и омраза кон хомосексуалците“- за ABC News  изјави Laura Turquet застапник за права на жените.