Кина полека се движи кон прогрес

Кина полека се движи кон прогрес

Пекинг – Минатата среда организаторите успеаа да го одржат отварањето на петдневниот фестивал пекиншкиот квир филмски фестивал без помошта од полицијата и без прекини, привлекувајќи малобројна публика од уметничкиот крај Songzhuang кое се наоѓа на маргините од градот.

За кинеската геј заедница, минатонеделниот филмски фестивал и уметничка изложба за сексуална разноличност во Пекинг, заедно со минатонеделниот геј прајд во Шангај, се тивки чекори напред по години на бавен, но безгрешен прогрес.


Со текот на годините Кина ја олесни контролата врз некои аспекти на животот на луѓето се нехетеросексуална ориентација. Во 1997-та година, содомијата беше отстранета од листата на криминал во земјата, иако хомосексуалноста не беше симната од листата на ментални пореметувања до 2001-та година.

Во последните години, геј заедницата во Кина од виртуелно невидлива заедница, стана мал, но значителен дел од кинеското општество.

Во поголемите кинески градови е забележано отворање на геј барови, а пак исто така се имаат појавено и геј лезбејски групи за подршка.