Author: admin

На 11-тата по ред геј прајд парада во Тел Авив следново лето, ќе се случи настан за кој организаторите веруваат дека е прв од таков вид во светот и секако во Израел – станува збор за две венчавки, едната на геј, а другата на лазбејски пар.

На веб сајтот gogay.co.il ќе биде објавена кампања на која ќе можат да се пријават парови кои се заинтересирани  нивната венчавка да биде дел од овој настан.

Комитет од центарот на градската геј заедница ќе одлучи кои два пара ќе учествуваат во овој историски момент.

„Генералната идеја е да бидат венчани и геј и лезбејски пар во една од етапите на парадата“ – вели Yaniv Weizman, советник на телавивскиот градоначалник Ron Huldai и член на градскиот совет. Тој додава дека правото на брак се наоѓа на самиот врв на агендата на геј заедницата, особено откако партијата на министерот за надворешни работи Avigdor Lieberman's, Yisrael Beiteinu покажа особено внимание за правата на граѓанските здруженија.


Пренатрупаноста и употребата на дрога во затворите претставува ризик за ширење на ХИВ

Antonio Maria CostaШирењето на ХИВ вирусот е најизразено во пренатрупаните затвори ширум светот, што претставува ризик по здравјето во заедниците во кои поранешните затвореници се осободувани, изјави Антонио Мариа Коста, челник на Канцеларијата за дроги и криминал при Обединатите нации, минатата недела.
 
Коста рече дека ширењето на вирусот преку употреба на дрога е битен проблем. и посочи дека околу 30 милиони луѓе  во целиот свет мометално се наоѓаат во затвор.

Според Коста, пуштањето на голем број на ХИВ позитивни затвореници ќе резултира со сериозни последици по здравјето на популацијата на заедниците во кои се осободени.


На 12-ти април, на 58-годишна возраст почина Eve Kosofsky Sedgwick, теоретичарка која  од многумина е сметана за еден од основачите на квир теоријата.

Во 1991-та на Sedgwick и беше дијагностициран рак на градите. Таа предаваше Англиски јазик на неколку различни институции како на Бостонскиот универзитет, Универзитетот на Калифорнија – Беркли, како и на Универзитетот Дјук.

Според тврдењата на нејзината пријателка Cathy Davidson, Sedgwick починала во присуство на нејзиниот партнер Hal.


Њујоршкиот пар чија видео свадбена снимка, претседателот на Полска Lech Kaczynski минатата година ја искористи за пропагадна за ширење на хомофибија, е повторно поканета да ја посети Варшава. Конзервативниот претседател Kaczynski ја искористи нивната видео снимка за да предизвика страв од прифаќањето на една европска повелба која нуди административна заштита за гејовите и лезбејките, предупредувајќи дека со тоа би можело да се отвори вратата за истополовите бракови во Полска која, генерално, претствавува католичка земја.

Откако дознале дека снимката од нивната свадба, на која сопружниците се љубат, била искористена без нивна дозвола, Brendan Fay и Tom Moulton се пожалија во Полскиот конзулат во Њујорк и побараа извинување и лична средба со претседателот Kaczynski.



Њујоршкиот пар чија видео свадбена снимка, претседателот на Полска Lech Kaczynski минатата година ја искористи за пропагадна за ширење на хомофибија, е повторно поканета да ја посети Варшава. Конзервативниот претседател Kaczynski ја искористи нивната видео снимка за да предизвика страв од прифаќањето на една европска повелба која нуди административна заштита за гејовите и лезбејките, предупредувајќи дека со тоа би можело да се отвори вратата за истополовите бракови во Полска која, генерално, претствавува католичка земја.

Откако дознале дека снимката од нивната свадба, на која сопружниците се љубат, била искористена без нивна дозвола, Brendan Fay и Tom Moulton се пожалија во Полскиот конзулат во Њујорк и побараа извинување и лична средба со претседателот Kaczynski.



Објавено е февруарско/мартовско издание на билтенот на Мрежата на организации кои работат на застапување на правата на сексуалните работници (SWAN).

Од билтенот издвојуваме:

Во фокус: 3-ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници
Денот е востановен во 2001-та кога над 25 илјади сексуални работници се собраа во Индија на фестивал на сексуалните работници. Организаторите на првиот фестивал беше Комитетот Durbar Mahila Samanwaya, група која чие седиште се наоѓа во Калкута и чие членство брои повеќе од 50 илјади сексуални работници и членови на нивните заедници. Здруженијата на сексуалните работници од целиот свет го слават 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

Можете да прочитате повеќе за инсторијата на овој ден на Women's Rights blog
Како сексуалните работници во Њујорк го прославија овој ден можете да погледнете на следниов линк
LISTICLES.

Партнерство во акција - ХОПС користи видео во заштита на правата на сексуалните работници

ХОПС започна партнерство со Витнес (www.witness.org), оргнанизација за заштита на човековите права со седиште во Њујорк а која делува глобално и промовира видео активизам како ефикасен алат за промоција на правата на различни групи во започнати камапањи за човекови права. Партнерството помеѓу ХОПС и Витнес се состои од развивање на план за застапување преку видео во овогодишната кампања по повод 17-ти декември. Повеќе...

ЛИНК до Билтенот


Вашингтон, САД – Во текот на оваа недела се очекува администрацијата на Обама да го отпочне процесот на оповикување на одредбите донесени од претходната администрација кои можат да бидат искористени за дискриминација врз гејови, луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА и жени коишто сакаат да абортираат.

Со овие одредби се заштитуваат работничките права на лекарите и медицинските лица кои одбиваат да дадат медицински услуги поради своите религиозни убедувања.

Организациите за заштита на човековите права тврдат дека овие одредби се однесуваат пристапот на ЛГБТ пациентите до медицински сервиси доколку се интерпретираат на начин на кој ќе им се дозволи на медицинските лица да ги избираат своите пациенти врз основа на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или семејна структура.

Овие одредби исто така ги загрозуваат пристапот на жените кон медицинска нега со тоа што им се дозволува на фармацефтите да не издаваат контрацептивни средства дури и во услови кога со таквиот акт им се наштетува на пациентите, или пак се дозволува одбивање на учество во спотан абортус, дури и во услови кога животот на пациентката се донесува под ризик.


Лондон, 30-ти март – Повеќе од 100 затвореници во Ирак ќе бидат погубени оваа недела, а за голема група од нив се верува дека се осудени за „злосторството“ што се геј, објави Ирачката ЛГБТ група, чие седиште се наоѓа во Лондон.

Според Али Хили, претставник на оваа ЛГБТ група, ирачките власти планираат да ги погубат во групи од 20 лица. Според Хили, барем едно лице од овие групи е член на Ирачката ЛГБТ група.

Упатени се повици до Британската влада, меѓународните групи за заштита на човековите права и Комисијата за човекови права на Обединетите Нации во Женева да брзо да интервенираат за да се спречи „оваа трагично и погрешно спроведување на правдата“.

„Имаме информации и извештаи за членови на нашата заедница кои се уапсени и осудени на смрт поради нивната хомосексуалност - изјави г-дин Хили за UK Gay News. На ирачката ЛГБТ група и е забрането да спроведува активности на територијата на Ирак.


Белград, Србија – Минатиот четврток српските законодавци со тесно мнозинство го усвоија законот за анти-дискриминација кој претставува дел од прозападните реформи. Српската православна црква и останатите конзерватици во земјата остро се противеа на донесувањето на овој закон.

Парламентот го усвои законот со тесно мнозинство од 127 гласови за наспроти 59-те против. Само еден глас помалку и законот немаше да биде усвоен од страна на парламентот кој содржи 250 членови, од кои 64 не беа присутни на гласањето.

Со овој закон се забранува секој вид на дискриминација, без разлика дали се основа на раса, религија, сексуална ориентација, род или други фактори.

Законот е дел од реформите со кои ќе се усогласи српското законодавство со законодавствто на Европската унија и беше од круцијално значење за симнувањето на шенгенскиот визнен режим за граѓаните на Србија.


Папата Бендедикт за време на својот престој во Африка изјави дека постои подобар начин на борба против СИДА-та отколку употребата на кондоми.

- СИДА-та е трагедија која не може да се надмине само со пари и која не може да се надмине само со дистрибуција на кондоми – изјави 81-годишниот Папа на неговиот лет од  Рим.

Решението лежи во „духовно и човеково будење“ и „ пријателство кон тие што страдаат“ – вели Папата Бендедикт кој исто така ќе ја и Ангола за време на еднонеделното патување.

Од 1980-та година до денеска СИДА им ги одзема животите на 25 милиони луѓе, во најголем дел во субсахарскиот дел од Африка, а 22 и пол милиони живеат со ХИВ.


Вашингтон, САД  - Претседателот Обама ќе ја поддржи декларацијата на Обединетите нации со која се повикува на декриминилизација на хомосексуалноста во целиот свет.

Со декларацијата која е спонзорирана од Франција ќе им се забрани на земјите во светот да ја сметаат хомосексуалноста за противзаконска.

Поранешниот претседател Буш одби да ја потише декларацијата за време на неговиот мандат, со што САД претставуваше единствена земја од западот која ја нема потпишано оваа декларацијата.

Властите во САД тогаш тврдеа дека  САД се противат на дискриминацијата на основа на сексуалната ориентација, но дека некои делови од декларацијата покренуваат законски прашања кои треба подетално да се разгледаат.

Унгарското здружение за граѓански слободи во акција

Минатата среда Унгарското здружение за граѓански слободи  организираше протест пред влезот на Виенскиот меѓународен центар, зградата каде што се одржа средбата на високо ниво на ОН во врска со прашањето на дрогите.

На 11-ти и 12-ти март владините делегати се сретнаа за да дискутираат за ефикасноста на досегашните политики за контрола на дрогите и за да усвојат нова Политичка декларација во врска со дрогите.

И покрај доказите за неуспехот и непресметливите последици од глобалната војна против дрогите, и пред средбата беше јавна тајна дека владите нема да отстапат стариот ригиден пристап кон прашањето за дрогите.    

Во работната верзија на текстот на декларацијата воопшто не се спомнуваше намалувањето на штети кое претставува најефикасна алатка за намалување на болестите и смртните случаи поврзани со употреба на дрога.


Институтот Евро- Балкан, поддржан од програмата Jean Monnet Lifelong Learning Program објавува повик за учество на регионалната конференција „Интегрирање различност – Човекови права, Социјална Инклузија и Социјална Кохезија на Балканот на неговиот пат до ЕУ“ која ќе се одржи во Охрид од 23-ти до 31-ви мај 2009-та.

Целта на конференцијата е да ги промовира теоретските и практичните придобивки од концепотот за социјална инкузија, да иницира градење на регионална мрежа на академици, истражувачи, фунционери и НВО-а кои работат на полето на социјална инклузија (Балканска мрежа за социјална инклузија и европско државјаство – BNSIEC) и да стимулира солидни резултати во истражувачката агенда која ја истражува врската помеѓу социјалната ислученост и европското државјаство.

Постои можност да се аплицира како презентер на труд или за учество како слушател на конференцијата. Организацијата ќе спонзорира учество на 24 презентери на трудови и 40 слушатели.

Ве молиме, да ја земете предвид можоста да изберете помеѓу модалитетот кој вам најмногу ви одговара и со кој повеќе ќе придонесете на конференцијата.

За повеќе детали за конференцијата и подготвувањето и пријавувањето на трудовите можете да прочитате во Повикот за пријава на трудови.

За повеќе детали за конференцијата и апликацирање за учество на истата, можете да прочитате во Повикот за апликација.

Информациите во врска со конференцијата и нејзината генерална идеја, можете да најдете на страницата
www.seesoc.org.mk.

Формулар за апликација за учество на конференцијата.

ХОПС-Опции за здрав живот и Коалицијата за промоција и заштита на правата на маргинализираните заедници за потребите на истражувачкиот проект “Медиумите, маргинализираните заедници и не-дискриминацијата” финансиски поддржан од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Македонија, имаат потреба од ангажирање на:

2 асистенти истражувачи, за период Март – Јули, 2009
Задачи и обврски:
• Да асиситираат во развивањето на истражувачката методологија
• Да учествуваат во реализацијата на истражувањето (водење фокус групи, интервјуа, следење на печатени медиуми)
• Да асистираат на главниот истражувач во подготовката на анализата на податоците
Барани квалификации:
• Универзитетска диплома или МА во областа на хуманистички или родови студии, сексуалност, човекови права, визуелна култура и медиум или сродни дисциплини
• Искуство во изработка на анализи или публикувани текстови од областа на човекови права, дискриминација или погоре споменатите дисциплини
• Искуство од учество во истражувања

1 асистент за следење на албански печатени медиум, за период Април-Јуни, 2009
Задачи и обврски:
• Да врши следење на печатените медиуми на албански јазик во Македонија
• Да врши превод и подготовка за анализа на статиите од интерес за истражувањето
• Да асистира во процесот на истражување во деловите кои бараат познавање на македонски и албански јазик
Барани квалификации:
• Универзитетска диплома во областа на новинарство, човекови права или комуникации
• Одлично познавање на македонскиот и албанскиот јазик

Сите заинтересирани лица своите CV-ја и мотивациони писма можат да ги достават на: marijat@hops. org.mk и hops@hops.org.mk најдоцна до 16.03.2009 дo 17 часот.


Српската влада го стопира законот за антидискриминација

Мината недела на владата на Република Србија и беше порачано да го врати на агендата предложениот закон за антидискримиација. Драфт верзијата на законот била повлечена непосредно пред гласањето во српскиот парламент поради притисок од Српската Православна Црква.

„Во земја која се стреми стане членка на ЕУ, неприфатливо е малцинствата да бидат подложени на дискриминација вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација“ – изјави Michael Cashman, претседателот на сепартиската група за ЛГБТ права.
Тој вели дека доколку српската влада е сериозна во врска со својата ЕУ апликација, би требало да го вратат законот на гласање во Парламетот.  

„Ова, исто така, претставува прашање за демократијата и владеењето на законот. Една земја не може да се смета за демократска доколку нејзината влада не го следи својот устав, во кој јасно е нагласена одделеноста на црквата и државата.“ - вели Cashman.
„Законот за антидискриминација е предложен во отворен и фер процес во кој сите парии учествуваа подеднакво. Во секој случај не е демократски да се стопира законот поради интервенција на црквата во последен момент “ - додава Cashman.


Ставот на Ватикан за политиката на дроги на ОН е „ризичен по живот“

Ватикан е обвинет за ставање под ризик на илјадници животи со тоа што се обидува да влијае на политиката на дроги на Обединетите нации во пресрет на донесувањето на битна меѓународна декларација.

Приговорите на Ватикан за стратегииите за намалување на штети, какви што се размената на прибор за инјектирање, предизвика жестока дебата помеѓу САД и ЕУ во врска со тоа како треба да му се пристапи на проблемот со дрогите.

Новата декларација на ОН треба да биде потпишана на 11-ти март. Меѓутоа, постојат големи несогласувања помеѓу земјите членки дали обврзувањето кон намалувањето на штети треба да биде вклучено во документот, кој се објавува на секои десет години.



Вирусот кој предизвикува СИДА рапидно се шири помеѓу геј и бисексуалните мажи во Азија поради избегнувањето на употреба на кондоми од страна на помладата популација и неуспехот на властите во ширењето на свест за оваа болест.

Епидемијата драматично ќе се прошири во следните години доколку не се подобри едукацијата и не се појави послилна политичка волја за борба против оваа болест, преупреди Massimo Ghidinelli, регионалниот советник за ХИВ/СИДА на Светската здравствена организација.

Неговите коментари беа објавени по еден семинар во Хонг Конг на кој регионалните експерти за СИДА дискутираа за растечкиот тренд.


Според извештај на владата во Свазиленд приближно 42 проценти од бремените жени во земјата се ХИВ позитивни, што претставува зголемување од 3 проценти во споредба со минатата година, пренесува АП. Според извештајот ваквата ситуација се должи на фактот што со подобрениот пристап до антиретровирусни лекови се продолжуваат животите на жените кои живеат со ХИВ. Околу 185 000 лица од Свазиленд, во кој живеат милион жители и претставува земја со највисока преваленца на ХИВ/СИДА во светот, живеат со ХИВ. Околу 30 000 лица имаат пристап до антиретровирусна терапија.

Еден од првите обиди на употреба на генетска терапија во третманот на ХИВ даде ветувачки резултати на клиничките тестови. Кога терапијата била тестирана на 74 пациенти се покажала како безбедна и ги намалувала ефектите на вирусот врз имунитетот.
Теоретски, еден третман би бил доволен за да ја замени потребата од антиретровирусна терапија. Студијата изработена од Универзитетот на Калифорнија во Лос анџелес е објавена во публикацијата Nature Medicine.

Високо активната антиретровирусна терапија допринесува за прогнозата на луѓето инфицирани со ХИВ. Но, таа мора да биде земана секојдневно, постои ризик од несакани реакции и вирусот, кој има неверојатна способност да еволуира,  почнува да развива отпорност кон лековите. Затоа потребни се нови начини за делување.


Здружението на граѓани Акција Здруженска и Движењето за социјална правда - Ленка   на 17.02.2009 започнуваат кампања под мото „НЕ НАСЕДНУВАМ!”.
Ве повикуваме да и се спротивставите сеопшата манипулација и злоупотребата на репродукцијата која  е најчувствителното политичко прашање за жените.

Активирајте се и застанете против огранчувањето на слободата и насилното наметнување идентитети, приоритети и животни стилови.
Спротивставете се на агресивното наметнување на партијархални вредности и стереотипи кои ги обезвреднуваат жените и ги сведуваат на машини за раѓање и чуварки на нацијата.

Не наседнувајте на лицемерната грижа за здравјето, повиците за спас на душите и  спас на нацијата.
Застанете против сите кои сметаат дека единствената вредност, потенцијал и интерес на жените е нивната способност да раѓаат деца.
Ве повикуваме да и се придружите на нашата кампања со тоа што ќе го дадете својот потпис на петицијата дадена во прилог.
Проследете го овој повик до сите ваши пријателки, пријатели, организации и  мрежи.

Пунктовите на кои ке се собираат потписите во Скопје ке бидат поставени на следните локации:
Во периодот од 17-20.02.2009 од 11:00- 17:00 часот

1. Плоштад Македонија
2. Влезот на ГТЦ (од страната на плоштадот)
3. Улица МАкедонија (кај споменикот на Мајка Тереза)

Во периодот од 17-18.02.2009 од  12:00-15:00 часот

4. Градежен Факултет
5. Комплекс факултети
6. Медицински факултет

За акцијата на собирање потписи на локално ниво ке ве информираме дополнително.
 
Со почит,
 
Акција Здруженска и
Движење за социјална правда - Ленка

Петицијата