21 година успех за програмата за размена на прибор

21 година успех за програмата за размена на прибор

Нов Зеланд се смета за една од првите земји во светот која има воведено размена на прибор за инјектирање, сервис преку кој корисниците на дрога кои инјектираат можат да го заменат своите шприцеви и игли за нови, стерилни. Деневиве се одбележува 21-годишнина од првичното воведување.

Кога екипата на Nightline пристигна во центарот за размена на прибор Wellington, од почетокот на денот веќе 500 корисници поминале во центарот да разменат прибор, а сеуште не е беше поминатапобладневниот метеж.

„ Стереотипот за валкан „џанкер“ сеуште постои, но мислам дека е далеку од реалната престава“ – вели менаџерот на центарот Charles Henderson. 


„Луѓе одблечени во костуми доаѓаат попат до дома од нивните работни места“ -вели Dana Demilon за клиентите кои доаѓаат во центарот – „тоа не се луѓе кои најчесто ги гледате на улица, всушност повеќето луѓе не се наоѓаат на улица.

Тешко е да се одреди точната бројка на корисниците на дрога кои инјектираат во Нов Зеланд, но истражувањата покажуваат дека 2 проценти од населениот инјектираат или имаат инјектирано во минатото. Тоа преставува бројка од околу 85 000 лица кои потенцијално имаат бенефит од програмата за размена на прибор.

„Со гаранција е стерилно, безбедно е, чисто и кога ќе се земе предвид каква е ситуацијата со крвно преносливите вируси, се помалку гледам луѓе кои умираат на улица“ – вели корисникот Shaun.

Во последно време Нов Зеланд се смета за земја со најнизок степен на ХИВ и СИДА во светот.