Author: admin

Како што Албанија се подготвува да ги легализира хомосексуалните бракови, Владата на Косово вели дека за таквиот потег воопшто не расправа.

На хетерхосексуалните мажи и жени им е дозволено да шетаат по улиците рака под рака, да одат на состаноци во повеќето ресторани во градот, и отворено да флертуваат во барови и кафулиња. Но, кога Аријан излегува на пијалок со својот дечко тие се претставуваат како само пријатели - хомосексуалноста останува табу во Косово.

"Нашата религија ја прогонува хомосексуалноста, екстремистите ги тепаат хомосексуалците. Сум бил физички и емотивно злоупотребуван, па фактот што сум геј го чувам само за себе ", вели Аријан, привлечен млад човек кој живее во Приштина.

Со последниот предлог на албанската влада за легализирање на хомосексуалните бракови, забраната на геј прајдот во Белград минатиот викенд, геј правата станануваат жешка тема на Балканот. Но, дебатата на оваа тема во Косово е пригушена.


Од 16 до 24ти Септември, во Охрид, Македонија, се одржа третата годишна средба на SWAN, на која учествуваа 50 претставници на организации и групи на сексуални работници од 16 земји во регионот на Источна Европа и Централна Азија.

 

Самата средба претставуваше комбинација од повеќе настани – работилница за самоорганизирани акции на сексуалните работници, стратешко планирање на самата мрежа, обука за документирање на кршење на правата на сексуалните работници, обука за работа со медиуми, дискусии на теми од заеднички интерес на претставниците – промоција на регионален извештај за сексуалните работници и полициското насилство, координирање на регионалната кампања по повод 17ти Декември и слично.


Домаќин и организатор на годинашната средба беше ХОПС – Опции за здрав живот, членка на SWAN уште од самото формирање на мрежата во 2006 година.

 


Научниците од Bay Area ги прославија првите ветувачки резултати од најголемото тестирање на вакцина за СИДА, но и предупредија дека е се потребни поголеми истражувања пред вакцината да може  биде дадена на располагање за јавноста.

Веста дека експерименталната вакцина против СИДА тестирана на 16.000 доброволци од Тајланд се покажала како безбедна и скромно ефективнивна, ги изненади истражувачите, кои досега беа навикнати на неуспехот во еднодецениските напори да се најде вакцина за заштита од ХИВ инфекција.

По повод забраната на Парадата на гордоста во Белград

Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници најостро реагира на одлуката на Министерствотот за внатрешни работи, Државната безбедност и Владата на Република Србија за повлекување на првичната одлука за заштита и подршка на Парадата на гордоста во Белград, којашто требаше да се одржи на 20.09.2009 на Плато пред Философскиот Факултет во Белград.

Имено, ваквата одлука донесена и објавена еден ден пред одржувањето на Парадата претставува сериозен индикатор за колапсот на принципите на недискриминација, човекови права и уставноста на државата пред заканите на клерофашистичките групи и нео-нацистичките формациии во земјата. Сметаме дека ваквата одлука претставува своевиден чин на летимизација на насилството и демонстрација на немоќ на државата пред групи од ваков тип, како и целосно демотивирање и нарушување на вербата во институциите на системот и државата кај веќе маргинализираните, исклучените и ранливите групи како што е ЛГБТИК популацијата.

Уште позагрижувачки е фактот дека одговорните Владини инстанци не презедоа никаква одговорност после забраната на Парадата на гордоста. Изјавите на Министерот за човекови права на националната ТВ Б92 со кои говорот на омраза кој циркулираше насекаде низ јавниот простор во Белград неколку дена пред одржувањето на Парадата беше окарактеризиран како прашање на слобода на говор, а не како повик на насилство, говор на омраза и ширење на нетрпеливост кон одредени групи укажува на опасноста од натамошна летимизација и несанкционирање на изкази од ваков вид, а со тоа и перпетуирање на насилствотот врз ЛГБТ популацијата.



Српската влада вчера соопшти дека ќе распореди неколку илјади полициски службеници со кои ќе се заштитат учесниците на геј прајот кој екстремистички групи се заканија дека ќе го прекинат.

Оваа изјава доаѓа поради стравувањата дека првиот геј прајд по оној од 2001 година може да еруптира во насилство.

Неколку ултра-десничарски групи се заканија дека ќе го растурат маршот, кој е предвидено да се одржи во недела во Белград, тврдејќи дека и наштетува на Србија, која е  главно конзервативно општество. Екстремистите, наводно, планираат напад врз учесниците, но и врз  обезбедувањето на настанот и полицијата.


Во индонезиската провинција Aceh е донесен нов закон со кој прељубата се казнува
со каменување до смрт, изјави член на парламентот на покраината.

Со законот, исто така, се наметнуваат строги казни за силување, хомосексуалност,
конзумирањето алкохол и коцкањето.

Противниците се обиделе да го одложат законот, велејќи дека  е потребно повеќе
дебата бидејќи со законот се предвидува смртна казна.

Шеријатскиот закон беше делумно имплеметиран во Aceh во 2001-та година, како дел
од решението на владата да се смират сепаратистички бунтовници.


Москва - Претседателот на Русија Дмитри Медведев, минатот вторник, ја осуди како закана за националната безбедност употребата на дрога од страна на младите лица и и нареди на владата да изработи програма против употребата на дрога  со која ќе се воведат построги казни за криминалните дела поврзани со дрога.

Тој изјави дека ќе им се изрекуваат подолги казни на луѓето кои продаваат дрога на малолетници, како и за организираните шверцери на дрога и  корумпираните службеници.

„Мораме да ги зголемиме казните за сите криминални дела поврзани со дрога, особено за дистрибуцијата на дрога на јавни места каде што младите се релаксираат“ -  изјави Медведев.


Геј мажи од Италија кои се членови на асоцијацијата Arcigay велат дека ќе бараат азил во Шпанија поради зголемената хомофобија во нивната земја. Тие велат дека сакаат да живеат во цивилизирана земја.

Тие планираат да го презнетираат своето барање за азил пред шпанскиот конзулат во Милано, и повикаа на протест на ниво на нација на 10 октомври во Рим.

„Сакаме да живееме во цивилизирана земја“ велат тие, потенцирајќи ги неодамнешните напади врз луѓе кои посетуваат геј места во Италија.


Научниците индетификуваа две моќни антитела кои посочуваат на нова можност за вакцина за СИДА
со искористувањето на крвта на многу ретка група на луѓе кои биле изложени на ХИВ, но развиле
имунитет на вирусот.

Истражувачите од САД ги индетификуваа таканаречените PG9 и PG16 како нови неутрализирачки
антитела кои се покажа дека се способни за спречување на високомутирачкиот вирус.

Ова претставуваат први антитела кои се индетификувани во период од повеќе од една декада и први
кои се индетификувани кај ХИВ инфицирани, но имуни лица од земијте во развој.



Промотерите на коцерти Live Nation минатиот четврток откажа серија на концерти на јамајканскката денсхол ѕвезда Buju Banton, откако геј активисти ја убедија компанијата да го отпушти музичарот преку и-мејл кампања.

Настапите на Banton беа закажани за октомври во повеќе градови меѓу кои Чикаго, Лас Вегас, Далас и Хјустон. Меѓутоа минатата недела, активистите почнаа да ја контактирааат Live Nation за да ги искажат своите несогласувања со промоцијата на неговите насилни антигеј стихови.

Во песната како Boom, Bye Bye од 1988-та, Banton повикува на тортура и убивање на геј лица. Live Nation соопшти дека концертите на Banton се откажани и дека парите ќе им бидат вратени на лицата кои набавиле билети.


Врховниот суд на Аргентина реши дека е неуставно луѓето да се казнуваат затоа што користат марихуана.

Долго очекуваното решение следи по широката јавна дебата и се посилното движење во Латинска Америка кон декриминализација на дрогата за лична употреба.

Сепак, судот јасно истакна дека не се залага за целосна декриминализација на употребата на марихуаната.

Директорот на едно Здружение против дрогата смета дека сега ќе се зголеми употребата и дека сите зависници нема да добијат третман.


Помалку од еден месец од убиствениот напад во центарот за геј младина повторно се покрена дијалогот за толеранцијата во израелскто општество. Неодамнешна анкета објавена минатиот викенд иницираше дека половина од сите Израелци се спреми за геј премиер.
 
Еврејскиот весник Yediot Aharonot минатиот петок објави текст во кој се вели дека 25 проценти од испитаниците велат дека се сигурни дека се спремни за геј министер, а 19 проценти велеле дека се спремни.

Меѓутоа, слична бројка од испитаниците кои се изјасниле дека сигурно се спремни, се изјасниле дека дефинитивно не се спремни за таква ситуација.


Во Бристол, Велика Британија, проект опфаќа работа со сексуални работници кои имаат бебиња доби 200 илјади фунти средства од владата.

Куќата Наоми, која се наоѓа на тајна локација во градот, е безбедно место за жените и нивните деца каде што можат да останат и до период од 23 месеци.

Со овој грант куќата ќе може да опстојува во следните две години.

Проектот е насочен кон мајки кои имаат желба да ја напуштат сексулната работа, и им нуди помош да се изборат со зависностите и да научат нови вештини.


Евангелистичката Лутеранска црква во САД оваа недела ќе одлучува дали да им дозволи на гејовите и лезбејките кои не се да целибат да служат како свештеници, соопшти порпаролот на црквата.
Досегашната политика на Евангелистичката Лутеранска црква им дозволуваше на гејовите и лезбејките да служат само доколку се на целибат.

Порпаролот  John Brooks вели дека 1045-те членови на црквата кои имаат право на глас, во петок ќе гласаат дали да се промени оваа политика во врска со геј свештениците.

Според досегашната политика гејовите и лезбејките можат да служат како свештеници само доколку се на целибат, вели Brooks, но хетеросексуалните свешетеници смеат да имаат секс во рамките на брако
т.

На 27-ми јули, Економскиот и социјален форум на ОН (ECOSOC) ја одобри резолуцијата во која се признава потребата УНАИДС значајно да ја засили и прошири својата работа со националните влади и да работи со сите групи на граѓанското општество за намалување на недостатокот на сервиси за лица кои инјектираат дрога во сите средини, вклучувајќи ги и затворите, да развие модели за соодветна пристапност до сервисите за лицата кои инјектираат дрога, да се ги опфати проблемите на стигматизација и дискриминација и да го подржи зголемувањето на капацитетите и ресурсите за провизија на сервисните пакети за лицата кои инјектираат дрога, вклучувајќи го и  програмите за намалување на штети во однос на ХИВ-от.

Приближно 600 000 американци имаат починато од СИДА од почетокот на епидемијата.  Во третина од случаите станува збор за корисници на дрога кои инјектираат и кои се заразиле со ХИВ преку споделувањето на нечисти игли и кои во некои случаи, подоцна ги имаат заразено своите брачни партнери, љубовници и неродени деца.

Голем број од починатите немале да бидат воопшто зарезени доколку Конгресот дозволел федерлано финасирање на програми за размена на опрема на инјектирање преку која се спречува ширењето на болеста без да се зголеми употребата на дрога.

Таква програма спорведена на државно ниво спасила илјадници животи во Њујорк, преку размена на опрема за инјектирање и внесувањето во третманите за рехабилитација се намалиле случаите на инфицирање помеѓу корисниците на дрога за околу 80 проценти во период од неколку години.

Неколку илјади лица се појавија на годинешниот геј прајд низ центарот на градот Белфаст во Северна Ирска. Парадата претставуваше кулминација на една недела долгата прослава, во која беа вклучени и предавања, изложби и перформанси.

Преставници од црквата беа во таборот кој организираше протест против одржувањето на овој настан пред градското собрание во Белфаст.

Менаџерот на прајдот, Scott Mitchell, вели дека прајдот е семејно ориентиран настан и е отворен за секого, и се додека некој не предизвикува неволји, организаторите ќе бидат среќни ако присуствува на настанот.


World Learning Ethiopia, непрофитна организација која оперира во повеќе од 75 земји, лансираше тригодишен проект за превенција на ХИВ  на територијата на градилиштата во Етиопија.

Проектот има за цел да допре до 33 илјади градежни работници, 2900 сексуални работници и околу 200 илјади лица од околното население на просторот од 25 огромни градежни локации кои се наоѓаат во земјата.

Поовеќето од поголемите градилишта во Етиопија кои се последица на економскиот раст на нацијата се наоѓаат во рурални и отсечени локации каде што ХИВ превенцијата и здравствената нега се на ниско ниво.


Пекинг – Лезбејките во Кина организираа потпишување на онлајн петиција во која повикуваат  на геј лицата да им се дозволи да донираат крв, објавија кинеските државни медиуми.

Петицијата со кој се бара од владата да го повлече законот од 1998-та година со кој на геј лицата им се забранува да донираат крв, досега беше потпишана од 540 лица, а целта е да биде достигне 100 потписи, објави China Daily.

Голем дел од геј и лезбејската популација во Кина се соочува со стигма и дискриминација и повеќето не соопштуваат својата сексуална ориентација јавно во конзервативното општество во кое живеат. Геј веб страниците се често блокирани од страна на владата.


Африка постигна особен успех во борбата со ХИВ/СИДА, но пристапот до универзална здравствена грижа кој се очекуваше во 2010-та ќе биде одложен заради недостиг на фондови, соошти директорот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза маларија.

„Нема да имаме пристап до универзална здравствена грижа во Африка до 2010-та ,нонастрана од тоа постигнавме огромен успех“ – изјави извршниот директор на Фондот, Michel Kazatchkine за време на неговиот тродневен престој во Етиопија.

Индустријализираните земји од Г8 се обврзаа во 2005-та да и помогнат на Африка да овозможи универзален простап до антиретровирусни лекови до 2010-та.