Во Тајланд, „третиот пол“ бара прифаќање

Во Тајланд, „третиот пол“ бара прифаќање

Во Тајланд трансродовите мажи се вообичаена слика во градовите и туристичките места. Додека голем број на трансродови лица работат традиционално женски професии како што се кабаре шоуа или пак во озлогласената тајландска секс индустрија, повеќето од нив бараат подобра интеграција во Тајланското општество. Но и покрај високата видливост, трансродовите лица се уште се соочуваат со предизвици во нивните барања за прифаќање.

И покрај репутацијата на Тајланд како сексуално толерантна земја, трансродовите лица се уште се соочуваат со исмевање и се дискриминарани на нивните работни места. Голем број на трансродови лица се занимаваат со проституција, професија која е ризична но се толерира во земјата каде што само еден од три сексуални работници се едуцирани за ХИВ и други сексуално преносливи болести.




Организацијата Сестри е првата организација во Тајланд која нуди сервис за советување на трансродовите лица, преку кој им нуди совет, подршка и други активности какви што се готвење.
   
Neung, раководителот на теренската работа на Сестри, вели дека моментално има околу 2000 трансродови лица во Pattaya „Имаме многу трансродови лица кои работат како сексуални работници “ – вели Neung – „ Многу луѓе се љубезни спрема трансродовите луѓе,  но никој не доаѓа да се покрижи за нив и да ги научи да се заштитат од ХИВ и СПИ. Затоа ја стартувавме организацијата Сестри.“
 
Но она што навистина го бараат трансродовите луѓе е правото легално да го сменат својот пол во женски за да можат нивните документи за лична индетификација да се во склад со тоа како тие изгледаат и се чувствуваат.