29
Oct
Коалиција за СЗП
Лична карта на Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ)
ВИЗИЈА
Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ) се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, демократско и слободно општество.
06:50 /
Коалиција за СЗП
Микроорганизми - микроскопски мали организми (бактерии, вируси, паразити и габички) кои го напаѓаат човековиот организам и предизвикуваат инфекции.
Сексуалната ориентација се однесува на способноста на една личност за длабока емоционална, лубовна и сексуална привлечност кон, како и за интимни и сексуални односи со индивидуи од различен пол, од ист пол или од повеќе од еден пол.
Македонија има население од приближно 2 000 000 жители. Не постојат никакви релевантни или систематски истражувања во врска со степенот/пропорциите на сексуалната работа во Македонија. И покрај тоа, врз база на изјави од професионалци и јавни медиуми, јавноста оперира со бројка од 3000 до 4000 луѓе вклучени во сексуалната индустрија, вклучувајќи ги и оние кои се присилени да вршат сексуални услуги, односно оние што можат да се идентификуваат како жртви на трговија со луѓе.
Во најголем број заедници сексуалната работа се смета за општествено девијантна и неприфатлива појава, како таква се етикетира и стигматизира, со тенденција цела социјална група идентификувана како сексуални работници да се остави изолирана и надвор од системите за поддршка и заштита, што неминовно води до развивање на различи модели за опстанок и различни модели на ризично однесување.
ХОПС - Опции за здрав живот е здружение на граѓани кое започна со работа во 1997 година како прв проект во Република Македонија за размена на опрема за инјектирање.
Дефиниции и Водечките принципи за успешни програми за интервенции во сексуално здравје
Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најостро реагира и ги осудува страшните и грозоморни настани кои се случија во среда на 27.09 во Сараево за време на отварањето на првиот Квир Сараево Фестивал како радикален израз на насилство и екстремен случај на прекршување на човековите права и принципите на етичност и хуманост.