Кратка биографија на ЗГ ЕГАЛ – Скопје

Кратка биографија на ЗГ ЕГАЛ – Скопје

Здружението на граѓани ЕГАЛ – Скопје е основано на 3ти Ноември 2003 година како резултат на сé поголемиот број активности за сексуалното здравје и културата на живеење на веќе видливата ЛГБТ (Лезбејска Геј Бисксуална и Трансексуална) сцена во Р. Македонија.

 
Искуството за работа на полето на ХИВ/СИДА и ППИ, основачите го добија како членови на З.Г. Х.Е.Р.А.- Скопје, каде работеа на проекти фокусирани на МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) односно ЛГБТ популацијата. З.Г. ЕГАЛ, официјално беше регистриран на 13 Фебруари 2004 година кога и започна со својата самостојна работа, а во Ноември 2004 година стана член на ИЛГА (Интернационална Лезбејска и Геј Асоцијација).
 
Исто така ЕГАЛ е член и на ММНШ( Македонска Мрежа за Намалување на Штети) како и во поново време е една од четирите НВОа во Националната Меѓуресорска Комисија како претставници на Граѓанскиот сектор како и членка на AIDS Actio Europe.
Мисијата на ЕГАЛ е да го подобри сексуалнато здрваје и културата на живеење на ЛГБТ популацијата како и да ја намали хомофобијата во Р. Македонија…

Во моментов ЕГАЛ прерасна во организација со три сектори и тоа:

  • Здравствен сектор за ЛГБТ лица
  • Сектор за кулура на ЛГБТ лицата
  • Сектор за истражување и хомофобија

Една од активностите на НВО ЕГАЛ во рамките на Глобален Фонд е и градење на капацитети кои ќе работат со МСМ популацијата и отварање на свои подружници на различни локации и со различни етнички групи.

Како резултат на соработка со лица од населба Шуто Оризари а членови на НВО ЕГАЛ се јави идејата за отварање на канцеларија во Oпштина каде миграцијата на МСМ односно ЛГБТ лицата кон центар е многу мала.

www.egal.org.mk