Голема дебата во Советот на Европа
Голема дебата во врска со дискриминацијата поврзана со сексуална ориентација и родовиот идентитет ќе се одвива следната недела во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур – прва од таков вид во последните 10 години, а само трета во историјата на организацијата.
Собранието, кој е составено од претставници на парламентите од 47 земји членки на Советот на Европа, ќе расправа и гласа за двата предлога кои ги предложи известувачот за Собранието, пратеникот Андреас Грос од Швајцарија:
• Резолуција за препораки до земјите членки за мерките за борба родова дискриминација
• препораки до Комитетот на министрите на Советот на Европа, кои ги претставуваат владите на 47 земји-членки.
Според изјавата на патријархот Кирил минатата среда, Руската православна црква ја осудува дискриминацијата на сексуалните малцинства, иако ја третира хомосексуалноста како грев.
По повод 17 Декември-Ден за борба против насилството врз Сексуалните работници/чки и 10 Декември - Ден на човековите права во рамките на Програмата за поддршка на Сексуални работници/чки на ХОПС со цел да се одбележат овие денови се организира Недела на човекови права 10-17 Декември со разни активности во Дневниот центар и на терен.