Коалиција за СЗП

Коалиција за СЗП

Лична карта на Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ)

 

 

ВИЗИЈА

Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ) се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, демократско и слободно општество.

 

 

МИСИЈА

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ се залага за заштита и почитување на основните човекови права на маргинализираните заедници, односно за остварување на еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процесите на опшественото живеење преку обезбедување на средина која е поддржувачка за сите луѓе и во која се почитуваат еднаквоста, слободата и различностите, и преку активно учество на припадниците на маргинализираните заедници во борбата за остварување на сопствените права и слобода.

 

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

 

1.     Унапредување на здравјето на МЗ преку зголемување на пристапот до квалитетни здравствени, социјални и правни услуги

 

2.     Унапредување на правата на МЗ преку креирање и промовирање на закони, политики и практики кои ќе оневозможат дискриминација и злоставување на МЗ

                                                                   

3.     Воспоставување на поддржувачка околина, во која еднаквоста, слободата, различноста се почитуваат во остварување на сексуалните и здравствените права на маргинизираните заедници

 

4.     Зајакнување на учеството и активизмот на маргинализираните заедници во борбата за остварување на сопствените права и слободи

 

 

 

ПОДЦЕЛИ/ЗАДАЧИ и КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

 

1.     Застапување за политики, закони и практики кои ќе овозможуваат праведен и еднаков третман за МЗ

2.     Промовирање на вклученост и целосно учество на МЗ во креирањето и имплементацијата на политиките и услугите кои влијаат на нивното здравје и права

3.     Едукација на засегнатите –МЗ, владините претставници, обезбедувачите на услуги, соработниците, и општата јавност за здравствените потреби и правата на МЗ

4.     Развивање/вклучување/поврзување во мрежи со сродни организации преку кои ќе се овозможува размена на знаења, превземаат заеднички акции и ќе се овозможува примена на добри практитки за унапредување на здравјето и правата на МЗ

5.     Развивање на стратегии за обезбедување на финансиски средства од можните донатори, владини институции и сл.

 

·         Кампањи за сензибилазиција на јавноста за правата на м.з.

·         Промоција на закон за антидискриминација во контекст на м.з.

·         Дебати и расправи за Сексуални и Здравствени права на м.з.

·         Креирање на референтна мрежа на лекари и правници кои се сенизибилизирани во однос на м.з

·         Развој на вештини со претставници на јавни институции (во областа на здравтсвото,  социјалата и сл) и државни органи (министерства, парламент, ЕЛС)

·         Покренување на судски случаи за практикување на правата на м.з. и обезбедување на правна помош

·         Лобирање за воспоставување на специализирани (бесплатни, , квалитетни, доброволни, доверливи) сервси за СРЗ во рамките на системот на здравстевна заштита

·         Воведување на предметот сексуално здравје во образованието

·         Создавање на позитивно законско опкружување за спречување на дискриминација на мз.

·         Промоција на закон за антидискриминација во контекст на м.з.ж

·         Лобирање за измени на закон за антидискриминација во контекст на м.з.

·         Лобирање во изработката на национални политики

·         Воспоставување на соработка и партнерство со Нар. Правобранител и Јавно обвинителство

·         Работа со комисиите за заштита на права на пациенти во општини

·         Документирање на случаи на прекршување на СЗП на мз и подготовка и објавување на извештаи за состојбата со СЗП на м.з.

·         Информирање на лицата од м.з. за нивни права

·         Активно вклучување на м.з, во активности на коалицијата

·         Организрање на активности за јакнење на заедница

·         Мотивирање на м.з. за пријавување/покренување на случаи

·         Организирање на активности за покренување на политичката свест на м.з.

 

 

ВРЕДНОСТИ

 

·         Коалицијата верува дека почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, толерантно и слободно општество

·         Коалицијата целосно ги препознава потребите и грижите на маргинализираните заедници поврзани со нивното здравје, сексуалноста и слободата на избор на живеење и навики,и се залага за остварување на овие права

·         Коалицијата верува дека целосното уживање на сексуланите и здравствените права и слободи на маргинализираните заедници може да се оствари само преку активното учество и мобилизација на припадниците на маргиналираните заедници и партнерство со сите релевантни чинитители во опшеството

·         Коалицијата е демократска мрежа на граѓански организации заснована врз принципот на еднакво, хоризонтално и колаборативно дејствување и носење на одлуки врз основа на принципи засновани на рамката на човековите права

·         Коалицијата се заложува за сеопфатно разбирање на сексуалноста кое ги вклучува емотивните, психолошките, социјалните и културните фактори при планирање и испорачување на услуги

·         Коалицијата се заложува за дејствување засновано на интегрален пристап во застапувањето на човековите права и солидаризирање со сите социјални движења за правда и еднаквост на сите луѓе без разлика на нивниот идентитет, статус, карактеристики и разлики

 

 

 

ЦЕЛНИ ГРУПИ

·         Општа популација

·         Донесувачи на одлуки

·         Претставници на јавни и државни инститиции на локално и централно ниво

·         Млади

·         Меѓународна заедница

·         Маргинализирани заедници

 

КОРИСНИЦИ

·         ЛГБТ/МСМ (Мажи кои имаат секс со Мажи)

·         Сексуални работници/чки

·         Корисници на дроги

·         Лица кои живеат со ХИВ/СИДА

·         Членови на Коалицијата

 

ПАРТНЕРСТВО И СОРАБОТКА

·         Министерство за здравство

·         Министерство за образование и наука

·         Министерство за труд и социјална политика

·         Министерство за правда

·         Комисии во собрание

·         Јавни институции кои обезбедубваат здравствени, социјални и правни услуги

·         Високо образовни институции

·         Електронски и печатени медиуми

·         Граѓански сектор

·         Европска комисија

·         Совет на Европа

·         Меѓународни организации и мрежи

·         Донатори

 

ДОЛГОРЧНА ЦЕЛ

Обезбедување на еднаков пристап и уживање на човековите права на м.з. и подобрување на квалитетот на нивниот живот во различните сфери на опшеството