11
Feb
Сексуалните работници и интерсексуалците на попис
МУМБАИ, - Интерсексуалните лица успеаа во напорите да бидат регистрирани одделено на овогодишниот попис во Махараштра (Индија), така што нивниот број ќе се смета во колоната за род означена како "други", соопшти висок официјален претставник на администрацијата на Махараштра."Во новиот прилог на образецот за пописот, интерсексуалците ќе се сметаат како „други", покрај машкиот и женскиот род. И сексуалната работа во колоната за „професија“, ќе биде одделена од категоријата „питачење“ - изјави Ranjeetsing Deol, раководител на пописот во Махараштра.
-Пописот во Махараштра ќе се одржи од 9-ти до 28-ми февруари и и ќе биде ревидиран во првата недела на март, изјави Deol.
Некои невладини организации и помагаат на Владата во регистрацијата на питачите. Странците кои престојуваат во земјата повеќе од дваесет и еден ден, исто така, ќе бидат вклучени во пописот.
Според изјавите на активистите во Уганда, убиен е познат борец за правата на хомосексуалците, кој минатата година тужеше еден локален весник кој ја објави неговата сексуална ориентација.
Кристијан Легиерски стана првиот хомосексуалец избран за функционер во Полска.Сопственик на ноќен клуб, претприемач и активист за правата на ЛГБТ популацијата освои место во Варшавскиот градски совет.
Лезбејки, геј, бисексуалци и трансродови лица (ЛГБТ) зедоа учество во третата парада на гордоста во Њу Делхи минатата неделата.
По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16-ти ноември, околу стотина граѓани кои учествуваа на Маршот на толеранција оваа година од Музејот на град Скопје до плоштадот "Мост" на самиот влез на Старата Скопска Чаршија, апелираа за политичка толеранција и конструктивен дијалог помеѓу сите креатори на јавната политика, јавното мислење и вредности.