Стигмата ги ограничува жените-корисници на дрога
Според студијата „Nowhere to go: How stigma limits the options of female drug users after release from jail“, жените кои употребуваат алкохол и дрога, а се на заминување од затвор, се соочуваат со многу предизвици за успешна реинтеграција во општеството и сериозно се попречени од стигмата врз корисници на дрога и поранешните затвореници.Квалитативната студија била спороведена преку индивидуални интервјуа и фокус групи составени од 17 жени кои неодамна излегле од затвор и кои се справуваат со предизвикот на повторно адаптирање во општеството.
Резултатите се организирани во три главни теми, од кои секоја од нив е поврзана со пребродувањето на влијанијето на стигмата: опстанок (работа и домување), пристап до севиси за треман, и реинтеграција во семејството.