Речник на најчесто употребувани зборови кај ХИВ/СИДА

Речник на најчесто употребувани зборови кај ХИВ/СИДА

hivsidaМикроорганизми – микроскопски мали организми (бактерии, вируси, паразити и габички) кои го напаѓаат човековиот организам и предизвикуваат инфекции.

Имун систем – одбранбен систем (збир на клетки) кои постојат во крвта и во органите на човекот и основна функција им е да се борат со надворешните микроорганизми кои го напаѓаат човековиот оргнизам. Со здравиот имун систем нашето тело е отпорно на голем број инфекции.
Имунодефицит – состојба на слабост на имуниот систем каде истиот не функционира нормално, односно не е веќе о состојба да го одбрани човековиот организам
ХИВ – Хуман(човеков) вирус на имунодефициенција
ХИВ+ – Верифицирано постоење на ХИВ вирусот во крвта на личноста со адекватните
ХИВ- – Непостоење на вирусот во крвта на пациентот утврдено со тестовите за ХИВ
ХИВ тестови – Комбинација на тестирања за утврдување на присуството на противтела кон вирусот на ХИВ во крвта на човекот.Се вршат најпрвин два ЕЛИСА тестови (имуноензимски тестови за постоење на противтелата кон вирусот ХИВ) и ако обата се ХИВ+, се врши верификација со трет Вестернблот тест.
СИДА/АИДС – Синдром на стекнат имунодефицит, синдромот во медицината подразбира комбинација на симптоми (знаци) за одредена болест.С е карактеризира со општи знаци на инфекција кои вирусот ХИВ може, но не мора да ги предизвика: температура, пролив, гадење и сл. Под СИДА се подразбира состојба на пад на одредена класа на бели крвни клетки (ЦД 4 Т-Лѕ) под одреден број, состојба во која човековиот организам во однос на имуниот систем станува неотпорен и подложен на многу инфекции.
Опортунистички инфекции – инфекции (голем број од нив се такви да при здрав имун систем не можат да го нападнат организамот) кои го напаѓаат човековиот организам и предизвикуваат клиничка слика на СИДА. Тука спаѓаат бактериски, вирусни, паразитни и габични инфекции, како и неопластични (туморски) процеси.

Начини на пренесување на ХИВ вирусот:
1. крв и крвни продукти:  
крв-контакт на свежа крв кај двајца ( свежи рани,размена на игли и шприцеве кај корисници на интравенски дроги без промена на иглата и шприцот,трансфузија на нетестирана крв) крвни продукти-трансфузија на нетестирана крвна плазма,крвни клетки итн.(Трансфузиите не спаѓаат веќе во начините на пренос затоа што денес секоја крвна единица се тестира покрај за другите заболувања и за ХИВ вирусот)
2. сексуален пат  
денес најчест пат за пренесување на ХИВ вирусот преку било кој незаштитен сексуален однос вагинален секс анален секс орален секс
3. мајка – дете  
Мајка која го носи своето дете – преку плацентата (постелката) може да го зарази своето дете. Затоа бременоста е контраиндицирана кај ХИВ+ мајки. Мајка која го дои своето дете – мајчиното млеко го има вирусот во себе и може да го пренесе кај детето.
ХИВ/СИДА тестирања:  

1. Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

2. Републички завод за здравствена заштита

3. Институт за клиничка биохемија

ХИВ/СИДА информации и превенција:

0800-33-444