02
Nov
Реакција по повод доделувањето благодарница на Вечер
Две недели по извештајот на Европската комисија за Македонија во кој беа упатени сериозни забелешки по однос прашањето на недискриминација во земјата (посебно околу дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација), Претседателот на Р.М, Ѓорге Иванов му врачи благодарница за посебни заслуги во борбата против дискриминација на весникот и човекот кои во Македонија веќе со традиција го шират најопасниот говор на омраза кон хомосексуалците, Албанците и сите маргинализирани заедници. Да потсетиме, во својата популистички ориентирана предизборна кампања, Иванов го негираше постоењето на дискриминација врз нехетеросекуалците во Македонија и тврдеше дека истите се саможигосуваат.Уште позагрижувачки е фактот дека оваа благодарница беше доделена од страна на организација која е еден од основачите на Сојузот “Македонија без дискриминација“, во рамки на изложба на фотографии на тема Македонија без дискриминација, организирана во партнерство со Центарот за човекови права и разрешување на конфликти, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Министерството за труд и социјална политика.
05:12 /
Македонија