Венчавки на парови на телавивскиот прајд
На 11-тата по ред геј прајд парада во Тел Авив следново лето, ќе се случи настан за кој организаторите веруваат дека е прв од таков вид во светот и секако во Израел – станува збор за две венчавки, едната на геј, а другата на лазбејски пар.На веб сајтот gogay.co.il ќе биде објавена кампања на која ќе можат да се пријават парови кои се заинтересирани нивната венчавка да биде дел од овој настан.
Комитет од центарот на градската геј заедница ќе одлучи кои два пара ќе учествуваат во овој историски момент.
„Генералната идеја е да бидат венчани и геј и лезбејски пар во една од етапите на парадата“ – вели Yaniv Weizman, советник на телавивскиот градоначалник Ron Huldai и член на градскиот совет. Тој додава дека правото на брак се наоѓа на самиот врв на агендата на геј заедницата, особено откако партијата на министерот за надворешни работи Avigdor Lieberman's, Yisrael Beiteinu покажа особено внимание за правата на граѓанските здруженија.
Ширењето на ХИВ вирусот е најизразено во пренатрупаните затвори ширум светот, што претставува ризик по здравјето во заедниците во кои поранешните затвореници се осободувани, изјави Антонио Мариа Коста, челник на Канцеларијата за дроги и криминал при Обединатите нации, минатата недела.
На 12-ти април, на 58-годишна возраст почина Eve Kosofsky Sedgwick, теоретичарка која од многумина е сметана за еден од основачите на квир теоријата.
Њујоршкиот пар чија видео свадбена снимка, претседателот на Полска Lech Kaczynski минатата година ја искористи за пропагадна за ширење на хомофибија, е повторно поканета да ја посети Варшава. Конзервативниот претседател Kaczynski ја искористи нивната видео снимка за да предизвика страв од прифаќањето на една европска повелба која нуди административна заштита за гејовите и лезбејките, предупредувајќи дека со тоа би можело да се отвори вратата за истополовите бракови во Полска која, генерално, претствавува католичка земја.
Вашингтон, САД – Во текот на оваа недела се очекува администрацијата на Обама да го отпочне процесот на оповикување на одредбите донесени од претходната администрација кои можат да бидат искористени за дискриминација врз гејови, луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА и жени коишто сакаат да абортираат.