Почина теоретичарката Eve Kosofsky Sedgwick

Почина теоретичарката Eve Kosofsky Sedgwick

На 12-ти април, на 58-годишна возраст почина Eve Kosofsky Sedgwick, теоретичарка која  од многумина е сметана за еден од основачите на квир теоријата.

Во 1991-та на Sedgwick и беше дијагностициран рак на градите. Таа предаваше Англиски јазик на неколку различни институции како на Бостонскиот универзитет, Универзитетот на Калифорнија – Беркли, како и на Универзитетот Дјук.

Според тврдењата на нејзината пријателка Cathy Davidson, Sedgwick починала во присуство на нејзиниот партнер Hal.


– Eve беше будист, па заради тоа ширум светот се одржаа тибетански будистички церемонии за да и помогнат да премине во следниот живот, премин преку кој сум сигурна ќе ги пренесе пријатните врски кои ги направи во нејзинот следен живот – напиша Davidson – врските кои ги направи со сите нас кои ја имавме таа среќа да ја познаваме и да бидеме допрени од нејзините дела. Те сакаме, Eve.

Sedgwick напиша повеќе книги на темите родова и сексуална ориентација меѓу кои се наоѓаат Between Men: English Literature and Male Homosocial Desire, Epistemology of the Closet и Tendencies.