Венчавки на парови на телавивскиот прајд

Венчавки на парови на телавивскиот прајд

На 11-тата по ред геј прајд парада во Тел Авив следново лето, ќе се случи настан за кој организаторите веруваат дека е прв од таков вид во светот и секако во Израел – станува збор за две венчавки, едната на геј, а другата на лазбејски пар.

На веб сајтот gogay.co.il ќе биде објавена кампања на која ќе можат да се пријават парови кои се заинтересирани  нивната венчавка да биде дел од овој настан.

Комитет од центарот на градската геј заедница ќе одлучи кои два пара ќе учествуваат во овој историски момент.

„Генералната идеја е да бидат венчани и геј и лезбејски пар во една од етапите на парадата“ – вели Yaniv Weizman, советник на телавивскиот градоначалник Ron Huldai и член на градскиот совет. Тој додава дека правото на брак се наоѓа на самиот врв на агендата на геј заедницата, особено откако партијата на министерот за надворешни работи Avigdor Lieberman’s, Yisrael Beiteinu покажа особено внимание за правата на граѓанските здруженија.


„За жал геј заедницата се наоѓа настрана од граѓанските здруженија за кои Lieberman зборува, и тоа е причината поради која сме тука – да ја покажеме нашата воља да бидеме дел од граѓанското општество“ – вели Weizman.

Двата пара коишто ќе се венчаат за време на парадата ќе добијат сертификати од организацијата Ново Семејство која се бори за правата на семејствата.

Weizman вели дека првичната идеја била да се венчаат 100 парови на скалите на телавивската градска куќа, но подоцна било воочено дека би било тешко да се најдат толкав број на заинтересирани учесници.