Според Гардијан:

Според Гардијан:

Ставот на Ватикан за политиката на дроги на ОН е „ризичен по живот“

Ватикан е обвинет за ставање под ризик на илјадници животи со тоа што се обидува да влијае на политиката на дроги на Обединетите нации во пресрет на донесувањето на битна меѓународна декларација.

Приговорите на Ватикан за стратегииите за намалување на штети, какви што се размената на прибор за инјектирање, предизвика жестока дебата помеѓу САД и ЕУ во врска со тоа како треба да му се пристапи на проблемот со дрогите.

Новата декларација на ОН треба да биде потпишана на 11-ти март. Меѓутоа, постојат големи несогласувања помеѓу земјите членки дали обврзувањето кон намалувањето на штети треба да биде вклучено во документот, кој се објавува на секои десет години.



Во 1998-та, целта на декларацијата беше „свет без дроги – можеме да го сториме тоа“, која критичарите ја оценија како нереална и дека не се однесува на комплексната природа на третманот на дрогите. Согласни за вклучувањето на клаузула за намалување на штети се повеќето земји членки на ЕУ, Бразил и други земји од Латинска Америка, Австралија и Нов Зеланд. Тие тврдат дека во декларацијата треба да биде вклучено обврзување кон размена на прибор за инјектирање, метадонска програма и други супституциони програми во следењето на ХИВ и зависностите. На оваа идеја се противат САД, Русија и Јапонија. Позицијата на САД е дека вклучувањето на овие нешта испраќа погрешна порака, иако постојат уверувања дека со доаѓањето на администрацијата Барак Обама на власт, САД ќе прифатат полиберална политика на дроги.

„Со тврдењето дека е против намалувањето на штети, Ветикан испраќа порака дека нивниот морален приговор на употребата на дроги е побитен од нивната за посветеност кон светоста на животот“ – велат од Рилис, британска организација која работи на проблемот на дрогите.

Од Рилис велат дека програмите за третман на дрогите се витални за луѓето кои страдаат од ХИВ/СИДА и доколку не го прифатиме овој факт, тоа ќе ги доведе нивните животи во ризик. Програмите за размена на прибор за инјектирање значајно придонеле кон намалувањето на пренесувањето на ХИВ помеѓу луѓето кои употребуваат дроги, велат од Рилис.
Доколку му се дозволи на Ватикан да влијае на Обединетите нации во донесувањето на наивна и неефикасна политика на дроги, тоа девинитивно ќе води кон зголеменото ширење на крвно преносливи вируси и смрт на илјадници лица предизвикана од ХИВ/СИДА.

Портпаролот на Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите нации потврди дека постојат несогласувања во врска со соопштението на Ватикан.

Други организации кои се занимаваат со политика на дроги исто така беа критични кон потегот на Ватикан. „Прогресивните влади, вклучувајќи ја и Велика Британија сега се соочени со дилемата дали да се обидат да добијат поддршка за вклучување на намалувањето на штети или пак да не ја потпишуваат декларацијата“ -  изјави Мајк Трејс, раководителот на Конзорциумот за меѓународна политика на дроги.

Антонио Коста, кој раководи со Канцеларијата за дроги и криминал на Обединетите нации, во говор одржан минатиот Ноември рече дека ваквиот вид на намалување на штети може да придонесе кон превенција на ширењето на крвно преносливи  болести, но дека не го решава проблемот и дека ја издолжува употребата на дроги.
http://www.guardian .co.uk/world/ 2009/feb/ 27/vatican- un-drugs- policy