13 Apr Варшава поотворена за геј луѓето
Њујоршкиот пар чија видео свадбена снимка, претседателот на Полска Lech Kaczynski минатата година ја искористи за пропагадна за ширење на хомофибија, е повторно поканета да ја посети Варшава. Конзервативниот претседател Kaczynski ја искористи нивната видео снимка за да предизвика страв од прифаќањето на една европска повелба која нуди административна заштита за гејовите и лезбејките, предупредувајќи дека со тоа би можело да се отвори вратата за истополовите бракови во Полска која, генерално, претствавува католичка земја.
Откако дознале дека снимката од нивната свадба, на која сопружниците се љубат, била искористена без нивна дозвола, Brendan Fay и Tom Moulton се пожалија во Полскиот конзулат во Њујорк и побараа извинување и лична средба со претседателот Kaczynski.
Полскиот државен секретар Ewa Junczyk-Ziomeck им одговори со писмо и покана за посета на Варшава. Fay изјави дека бил воодушевен од тонот на писмото во кое Junczyk-Ziomecka пишувала за изкачувањето над „виножитото“ и за „уривањето на стереотипи“.
Иако во писмото нема извинување, ниту покана за лична средба со преседателот Kaczynski кое Fay и Moulton го побараа, тоа претставува „голем прв чекор“ изјави Fay за њујоршкиот Дејли Њуз.