Обама ќе ги отповика Бушовите одредби

Обама ќе ги отповика Бушовите одредби

Вашингтон, САД – Во текот на оваа недела се очекува администрацијата на Обама да го отпочне процесот на оповикување на одредбите донесени од претходната администрација кои можат да бидат искористени за дискриминација врз гејови, луѓе кои живеат со ХИВ/СИДА и жени коишто сакаат да абортираат.

Со овие одредби се заштитуваат работничките права на лекарите и медицинските лица кои одбиваат да дадат медицински услуги поради своите религиозни убедувања.

Организациите за заштита на човековите права тврдат дека овие одредби се однесуваат пристапот на ЛГБТ пациентите до медицински сервиси доколку се интерпретираат на начин на кој ќе им се дозволи на медицинските лица да ги избираат своите пациенти врз основа на нивната сексуална ориентација, родов идентитет или семејна структура.

Овие одредби исто така ги загрозуваат пристапот на жените кон медицинска нега со тоа што им се дозволува на фармацефтите да не издаваат контрацептивни средства дури и во услови кога со таквиот акт им се наштетува на пациентите, или пак се дозволува одбивање на учество во спотан абортус, дури и во услови кога животот на пациентката се донесува под ризик.


Овие одредби беа донесени два дена пред самото заминување на Буш од претседателската функција.

– Ваквите одредби ги жртвуваат правата на пациентите на медицинска нега – вели Joe Solmonese, претседателот на Кампањата за човекови права. Правата на пристап до медицинска нега не треба да зависат од сексуаланата ориентација или родов индетитет.

Неколку држави ја оспорија оваа одлука на администрацијата на буш на федералниот суд. Како претседателски кандидат, Барак Обама,  ја критикуваше оваа одредба и вети дека дека ќе ја преиспита доколку биде избран за преседател.

Оваа недела администрацијата на Обама ќе ги објави своите намери и ќе оточне 30 дневен период за дебата помеѓу двете страни, во која ќе бидат вклучени медицинските експерти и јавноста.