Author: admin

Словенија стана првата земја од поранешна Југославија во која на истополовите заедници им е овозможено да посвојуваат деца, пренесуваат словенските медиуми.

Министерството за работа, фамилија и социјални прашања донело одлука една неименувана жена да може да ја посвои тригодишната биолошка ќерка на својата партнерка.

Историската одлука е во склоп на неодамна усвоениот Закон за семејство. Одлуката на министерството во Љубљана следи откако љубљанскиот Центар за социјални прашања го одбил барањето на жената која сакала да го посвои детето на својата партнерка бидејќи за ова „немало правен основ“.

Поради ова лезбејскиот пар одлучил да поднесе тужба, наведувајќи како пример хетеросексуалец на кој му било овозможено да посвои дете од својата партнерка. Како аргумент, тие навеле дека спротивната одлука би значела дискриминација врз основа на сексуалната ориентација, пренесува „Ало“.

„Во постапката неколку пати се покажа дека овој вид посвојување е апсолутно во најдобар интерес на детето кое живее во ваква заедница и која му гарантира соодветно семејно опкружување, сигурност и поддршка, а тие се клучни за развојот на детето“, се наведува во објаснувањето на одлуката на Уставниот суд.

Детето на двете партнерки е зачнато со вештачко оплодување. Претходно надлежните одбија да дадат родителски права и на двајца Словенци - мажи, кои се венчале во Америка каде со помош на сурогат мајка добиле дете.

Во Словенија во истополни семејства моментално живеат околу стотина деца кои немаат еднакви права како децата на хетеросексуалните родители, пишува „Ало“.

Извор: Макфакс

Предмет: Реакција на прилогот ’Татко му на Рики Мартин: горд на геј синот’, емисија Backstage (http://backstage.com.mk/mk/articles/svetska-scena/tatko-mu-na-riki-martin-gord-na-gej-sinot)
До: Упредничкиот тим на емисијата Backstage и остантите медиуми во Р.М

Почитувани,
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најостро реагира и го осудува прилогот на Backstage, објавен и на нивната веб страна, а со наслов ’Татко му на Рики Мартин: Горд на геј синот’, потпишан од Снеже Велков. Имено, Коалицијата смета дека погоренаведениот текст претставува уште еден од серијата новинарски текстови и прилози кои учествуваат во креирањето и одржувањето на дискриминаторската и хомофобичната атмосфера, зацврстувањето на хетеронормативната матрица и популизмот, како и подривањето на плуралниот и демократски простор  во Република Македонија.

Под маската на забавен говор, кој има за цел да ја развесели и насмее македонската публика, сметаме дека прилогот е загрижувачки од неколку аспекти. Креирањето на хумористичниот и забавен тон на прилогот е овозможен со посредство на манипулацијата на најзакоравените стеротипи и патологизирачки репрезентации на хомосексуалците, како во традиционалните психијатриски, така и во популарните, односно народните дискурси.


Членовите на парламентот на Северна Австралија пред крајот на оваа година ќе гласаат за реформите со кои ќе се декриминализира сексуалната работа. Во реформите се содржани и закони со кои ќе се забрани малолетниците да се занимаваат со сексуалната работа и ќе се забрани оперирањето на борделите во радиус од 200 метри од училиштата, градинките и црквите.

Контроверзниот потег ќе им ја осигура позицијата на сексуалните работници да бидат третирани како легални работници со истите индустриски права и одговорности како и кои било други работници.

Стефани Кеј, преставник на работничката партија во северноавстралијанскиот парламент ќе го престави новиот закон по разговорите со сексуалните работници и другите заинтересирани агенти во следните шест недели. Кеј ќе ги потврди своите предлози за законот за време на протест на сексуалните работници за одбележување на Меѓународниот ден на курвите кој ќе се одржи пред зградата на парламентот.

Пет обиди досега за декриминализирање на сексуланата работа се случиле во период од 1980 до 2001 во Северна Австралија, но сите биле неуспешни.


Членовите на парламентот на Северна Австралија пред крајот на оваа година ќе гласаат за реформите со кои ќе се декриминализира сексуалната работа. Во реформите се содржани и закони со кои ќе се забрани малолетниците да се занимаваат со сексуалната работа и ќе се забрани оперирањето на борделите во радиус од 200 метри од училиштата, градинките и црквите.

Контроверзниот потег ќе им ја осигура позицијата на сексуалните работници да бидат третирани како легални работници со истите индустриски права и одговорности како и кои било други работници.

Стефани Кеј, преставник на работничката партија во северноавстралијанскиот парламент ќе го престави новиот закон по разговорите со сексуалните работници и другите заинтересирани агенти во следните шест недели. Кеј ќе ги потврди своите предлози за законот за време на протест на сексуалните работници за одбележување на Меѓународниот ден на курвите кој ќе се одржи пред зградата на парламентот.

Пет обиди досега за декриминализирање на сексуланата работа се случиле во период од 1980 до 2001 во Северна Австралија, но сите биле неуспешни.


Коалицијата ’Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници’, денес, 17-ти мај, вторник, на плоштад Македонија (до книжара Култура, пред споменикот на Александар Македонски во изградба), а по повод Интернационалниот ден за борба против хомофобијата и трансфобијата, одржа прес конференција. Прес конференцијата беше истовремено придружена со изложба на отворено, ’Слики против хомофобијата’, која е дел од заедничкиот проект на Charles Meacham и Sarah Baxter - ’Чекори со гордост’. Изложбата симултано се одржува во 20-тина светски градови, вклучително и нејзино поставување во Европскиот парламент.

Како и минатата година, и оваа година во чест на ИДПХ (IDAHO), и годинава Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ доделува благодарници за особен придонес кон еднаквоста на сексуалните малцинства.

   1. Благодарница за „геј-френдли“ пејач (без пружање рака) му доделуваме на Ламбе за изјавата: „Нема да дозволам да ми се пушти или да ми се приближи некој, ако се случи такво нешто, да ме допре некој, ќе остане без рака".

   2. Му доделуваме благодарница и на водителот Тони Михајловски – „Скенерот“, за неговата моќ на препознавање геј и стрејт филмови како и геј и стрејт балади на „Македонски идол“.

   3. Благодарница за апликација на современите квир политички стратегии и најангажирана фото-сторија со наслов „Ороспии со гордост“ му доделуваме на „Вечер“.

   4. Благодарница за најдобра колумна во која ја брани „каузата државата да ги партиципира операциите за промена на полот“ му доделуваме на Јанко Илковски, за колумната „Лепа Брена мења пол“.

Годинава, на МПЦ решивме да и доделиме неколку благодарници:

Прво, заради иницијативата на МПЦ уставно да се забранат хомосексуални бракови, со која демонстрираше дека е во противуставен брак со владејачката партија.

Второ, му доделуваме посебна благодарница и на г-дин Стефан не само за неговите заложби „да се згрижат хомосексуалците“ туку и за неговата православна теорија на еволуцијата, според која Господ не создал човек од „два машки мајмуни или два женски мајмуни“.

Трето, на сите свештеници и монаси од МПЦ им доделуваме благодарница за нивните секојдневни активности за промоција на традиционалното македонско многудетно семејство, не само со зборови, туку и со дела.

Уште еднаш, на сите споменати им благодариме. Без вашиот придонес, Македонија немаше да успее да го допре дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Ви благодариме, оти без вашиот придонес, немаше зад нас да бидат само Молдова, Белорусија и Украина.

Секоја година, на 17-ти мај, Интернационалниот ден против хомофобија и трансфобија ги потсетува граѓаните во целиот свет дека постои сеуште голема потреба за преземање акција. Во повеќе од 80 земји во светот истополовите сексуални акти сеуште се нелегални, а во одредени ситуации истите се казнуваат и со смртна казна и доживотен затвор. Во земјите во кои хомосексуалноста е нелегална дискриминацијата и физичкото насилство се сеуште чести и загрижувачки појави. Иако во некои земји во светот се забележува значителен прогрес, сепак истиот е постојано под закана.

Од почетокот на годинава во Македонија стапи во сила и новодонесениот Закон за спречување и заштита од дискриминација, закон кој ја исклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за забрана на дискриминација. И покрај овој легалистички акт, во Македонија сеуште е сериозно изразено отсуството на афирмативна и позитивна политичка атмосфера и свесност за почитување на сексуалните и човековите разлики, како и за борбата против насилството и дискриминацијата кои се случуваат врз основа на истите.

Истиот настан, со вечерна програма, со почеток во 19.30ч, во клубот ГЕМ, ќе биде збогатен со проекција на филмот ’Оттаде розевата завеса’, дискусија на тема ’Национализам, хомофобија и насилство’, настап на хорот Распеани скопјани, како и поставување на изложбата.