03 Mar Азија: Се повеќе ХИВ позитивни кај МСМ популацијата
Вирусот кој предизвикува СИДА рапидно се шири помеѓу геј и бисексуалните мажи во Азија поради избегнувањето на употреба на кондоми од страна на помладата популација и неуспехот на властите во ширењето на свест за оваа болест.
Епидемијата драматично ќе се прошири во следните години доколку не се подобри едукацијата и не се појави послилна политичка волја за борба против оваа болест, преупреди Massimo Ghidinelli, регионалниот советник за ХИВ/СИДА на Светската здравствена организација.
Неговите коментари беа објавени по еден семинар во Хонг Конг на кој регионалните експерти за СИДА дискутираа за растечкиот тренд.
Според извори на СЗО, се верува дека Азија го има најголемиот број на популација на мажи кои имаат секс со мажи, во груба проценка околу 10 милиони лица.
СЗО објави половични информации од регионот во кои постојат индиции за рапидно ширење на вирусот ХИВ помеѓу геј и бисексуалните мажи, но целосните информации не се достапни. Семинарот беше свикан со цел да се засилат напорите за пручување и пристапување на проблемот.
Ghidinelli изјави дека слабата употреба на кондоми во сексуалните врски помеѓу мажи е главната причина за ширењето на ХИВ вирусот.
– Младите луѓе кои се впуштаат во сексуални односи влегуваат со пониско ниво на свесност и без да ги превземат мерките за заштита за разлика з од постарите генерации, вели Ghidinelli.
Ghidinelli изјави дека експертите за СИДА на семинарот се согласиле да се создаде регионален тим кој ќе собира информации за ширењето на ХИВ помеѓу МСМ популацијата и што ќе ги зајакне мерките за борба против оваа болест.
http://www.gay.com/news/roundups/package.do?sernum=9735