Сопрете ја глобалната војна против дрогата

Сопрете ја глобалната војна против дрогата




Унгарското здружение за граѓански слободи во акција





Минатата среда Унгарското здружение за граѓански слободи  организираше протест пред влезот на Виенскиот меѓународен центар, зградата каде што се одржа средбата на високо ниво на ОН во врска со прашањето на дрогите.



На 11-ти и 12-ти март владините делегати се сретнаа за да дискутираат за ефикасноста на досегашните политики за контрола на дрогите и за да усвојат нова Политичка декларација во врска со дрогите.

И покрај доказите за неуспехот и непресметливите последици од глобалната војна против дрогите, и пред средбата беше јавна тајна дека владите нема да отстапат стариот ригиден пристап кон прашањето за дрогите.    

Во работната верзија на текстот на декларацијата воопшто не се спомнуваше намалувањето на штети кое претставува најефикасна алатка за намалување на болестите и смртните случаи поврзани со употреба на дрога.









Во работната верзија на текстот на декларацијата воопшто не се спомнуваше намалувањето на штети кое претставува најефикасна алатка за намалување на болестите и смртните случаи поврзани со употреба на дрога.

„Како што очекувавме владите донесоа погрешна одлука и ја потпишаа декларацијата која на многу начини просто ги повторуваше нереалистичните и опасни слогани од докуметот усвоен во 1998-та“ – се вели во соопштението на Унгарското здружение за граѓански слободи. „Меѓутоа, ние, активистите за реоформи на политиките на дроги не ја пропуштивме шансата да ги потсетиме функционерите и јавноста дека глобалниот режим за контрола на дрогите не функционират и дека ни е потребна нова политики на дроги кои се базираат на човековите права и намалувањето на штети.“

Од Здружението сметаат дека протестот бил успешен. Сите делегати и новинари кои дојдоа на средбата ги видоа банерите испишани со слоганите: „Сопрете ја глобалната војна против дрогите“, „Намалувањето на штети спасува животи“ и „Прохибицијата не фунционира.“

На настанот беа исложени и најдобрите постери од конкурсот „Непредвидени последици“. Постерите можат да се видат овде. Преставниците од INPUD, ENCOD и Youth Rise учествуваа со свои транспаренти, а нивни преставници стоеја во кафези со кои беше симболизирана изолацијата и ислученаста на лицата кои користат нелегални дроги.

Од страна на Здружението беше организирана и прес-конференција под отворено небо на која Balázs Dénes од HCLU, Matthew Southwell од INPUD, Frederik Polak од ENCOD и Kris Krane од Students for Sensible Drug Policy истакнаа дека постои голема празнина помеѓу реалноста и политиките на ОН на полето на политиките на дроги. Сите говорници даваа интервјуа затворени во кафезите.

На настанот беа поставени и симболични примероци од урина за да се покаже апсурдноста на војната против дрогите. Исто така, беа дистрибуирани лажни банконти на американски долари  со сликата на Г-дин Коста и порака порака во името на In Memoriam Al Capone Trust, меѓународната мрежа на криминалци со која им се честита на владите што успејаа да ги го задржат нелегалниот статус на дрогите, и со тоа им овозможија голем придонес ослободен од данок.

http://drogriporter.hu/en/demonstration