31 Mar Закажани егзекуциите на гејови во Ирак
Лондон, 30-ти март – Повеќе од 100 затвореници во Ирак ќе бидат погубени оваа недела, а за голема група од нив се верува дека се осудени за „злосторството“ што се геј, објави Ирачката ЛГБТ група, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Според Али Хили, претставник на оваа ЛГБТ група, ирачките власти планираат да ги погубат во групи од 20 лица. Според Хили, барем едно лице од овие групи е член на Ирачката ЛГБТ група.
Упатени се повици до Британската влада, меѓународните групи за заштита на човековите права и Комисијата за човекови права на Обединетите Нации во Женева да брзо да интервенираат за да се спречи „оваа трагично и погрешно спроведување на правдата“.
„Имаме информации и извештаи за членови на нашата заедница кои се уапсени и осудени на смрт поради нивната хомосексуалност – изјави г-дин Хили за UK Gay News. На ирачката ЛГБТ група и е забрането да спроведува активности на територијата на Ирак.
Рациите на ирачката полиција и Министерството за внатрешни работи се причина за исчезнувањто и убиството на 17 членови на ирачката ЛГБТ група од 2005-та до денес.
Според г-дин Хили се бележи алармантно зголемување на пресудите на смртната казна во Ирак откога новиот ирачки режим повторно ја воведе во 2004-та.
– Во 2008-та намалку 285 лица биле осудени на смрт, а најмалку 34 биле погубени. Во 2007-та, пак, 199 се осудени на смрт, а 33 биле погубени. Во 2006-та, 65 луѓе биле погубени. Вистинските бројки можат да бидат многу повисоки бидејќи не постојат официјални статистики за бројот на затвореници соочени со егзекуција – вели Хили.
Ирачката-ЛГБТ група е загрижена заради неоткиравњето на идентитетите на осудените на смрт од страна на ирачката влада, исто така групата изразува загриженост дека се судењата на многумина од осудените не ги задоволувале меѓународните стандарди за фер судење.
Amnesty International ја повика ирачката влада да ги објави сите информации во врска со осудените, вклучувајќи ги нивните имиња, деталите за обвиненијата за кои одговарале пред судот, датумите на нивното приведување, судењата, како и за нивната моментална место положба.
http://ukgaynews.org.uk/Archive/09/Mar/3001.htm