САД ја подржува декларацијата за права на гејовите

САД ја подржува декларацијата за права на гејовите

Вашингтон, САД  – Претседателот Обама ќе ја поддржи декларацијата на Обединетите нации со која се повикува на декриминилизација на хомосексуалноста во целиот свет.

Со декларацијата која е спонзорирана од Франција ќе им се забрани на земјите во светот да ја сметаат хомосексуалноста за противзаконска.

Поранешниот претседател Буш одби да ја потише декларацијата за време на неговиот мандат, со што САД претставуваше единствена земја од западот која ја нема потпишано оваа декларацијата.

Властите во САД тогаш тврдеа дека  САД се противат на дискриминацијата на основа на сексуалната ориентација, но дека некои делови од декларацијата покренуваат законски прашања кои треба подетално да се разгледаат.


Буш беше загрижен дека попишувањето на декларацијата може да и предизвика проблеми на федералната влада, особено кога се работи за темите за кои е задолжен правниот систем на одредени држави во САД.

На пример, во некои држави, на приватните вработувачи им е дозволено да дискриминираат на основа на сексуална ориентација.  Исто така, на федерално ниво на гејовите и лезбејките не им е дозволено да служат во армијата.

Сепак, властите во САД минатиот вторник го известија спозорот дека САД сега ја поддржуваат декларацијата.

Неименуван извор за Асошиејтет прес изјави дека САД се загрижени за насилството и прекршувањето на човековите права на ЛГБТ лицата и исто така се загрижени за криминилизацијата на сексуалната ориентација во многу земји.

Седумдесет членки на ОН, генерално муслимански земји, ја сметаат хомосексуалноста за противзаконска и во некои случаи се казнува со егзекуција. Повеќе од 50 нации, вклучително и членките на Организацијата на исламската конверенција, се противат на декларацијата.

Некои исламски земји тврдеа дека заштитата на сексуалната ориентација може да води кон социјална нормализација и можна легализација на педофилија и инцест.

Ватикан исто така се противи на декларацијата.

http://www.cbn.com/CBNnews/561493.aspx