11
Mar
По притисок на Српската Православна Црква
Српската влада го стопира законот за антидискриминацијаМината недела на владата на Република Србија и беше порачано да го врати на агендата предложениот закон за антидискримиација. Драфт верзијата на законот била повлечена непосредно пред гласањето во српскиот парламент поради притисок од Српската Православна Црква.
„Во земја која се стреми стане членка на ЕУ, неприфатливо е малцинствата да бидат подложени на дискриминација вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација“ – изјави Michael Cashman, претседателот на сепартиската група за ЛГБТ права.
Тој вели дека доколку српската влада е сериозна во врска со својата ЕУ апликација, би требало да го вратат законот на гласање во Парламетот.
„Ова, исто така, претставува прашање за демократијата и владеењето на законот. Една земја не може да се смета за демократска доколку нејзината влада не го следи својот устав, во кој јасно е нагласена одделеноста на црквата и државата.“ - вели Cashman.
„Законот за антидискриминација е предложен во отворен и фер процес во кој сите парии учествуваа подеднакво. Во секој случај не е демократски да се стопира законот поради интервенција на црквата во последен момент “ - додава Cashman.
Здружението на граѓани Акција Здруженска и Движењето за социјална правда - Ленка на 17.02.2009 започнуваат кампања под мото „НЕ НАСЕДНУВАМ!”.
На 11.02.2009 ХЕРА, во соработка со Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи, Акција Здруженска, СОЖМ, ЕСЕ и Ленка, ја организираше конференцијата „Абортусот е право на избор и репродуктивно право на секоја жена“.