Околу 42% oд бремените жени во Свазиленд живеат со ХИВ

Околу 42% oд бремените жени во Свазиленд живеат со ХИВ

Според извештај на владата во Свазиленд приближно 42 проценти од бремените жени во земјата се ХИВ позитивни, што претставува зголемување од 3 проценти во споредба со минатата година, пренесува АП. Според извештајот ваквата ситуација се должи на фактот што со подобрениот пристап до антиретровирусни лекови се продолжуваат животите на жените кои живеат со ХИВ. Околу 185 000 лица од Свазиленд, во кој живеат милион жители и претставува земја со највисока преваленца на ХИВ/СИДА во светот, живеат со ХИВ. Околу 30 000 лица имаат пристап до антиретровирусна терапија.


Министерот за здравство Benedict Xaba изјави дека е разочаран од зголемувањето на бројот на инфицирани кој е индикатор дека напорите за превенција не се ефикасни.
– Затоа постои потреба од забрзување на ХИВ превенцијата, особено помеѓу младите, изјави Xaba. Во земјата се промовира и обрежување, иако постојат загрижувања дека со оваа постапка може да се наведат мажите во Свазиленд да ги занемарат останатите мерки за превенција на ХИВ.

Поголемиот број на ХИВ/СИДА застапнци во земјата го сметаат Кралот на Свазиленд Mswati III за главен „виновник“ за слабата превенција, особено за непромовирањето на користење на кондоми и ХИВ тестирање. – Нацијата, а особено полигамистите се угледуваат на монархот, вели Sphiwe Hlophe кој ја предводи организацијата Swaziland for Positive Living Кралот е особено критикуван поради прославите на 40-годишнината од добивањето на независност од страна на Велика Британија  како и на сопствениот роденден во време кога здравствениот сектор се распаѓа под напливот на СИДА.