Author: admin

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16-ти ноември, околу стотина граѓани кои учествуваа на Маршот на толеранција оваа година од Музејот на град Скопје до плоштадот "Мост" на самиот влез на Старата Скопска Чаршија, апелираа за политичка толеранција и конструктивен дијалог помеѓу сите креатори на јавната политика, јавното мислење и вредности.

Организаторите на Маршот кој се одржа под мотото "Правда, слобода, еднаквост" -  Хелсиншкиот комитет за човекови права, Плоштад Слобода,Q, Civica и Цивил побараа меѓуетничка толеранција и почитување на етничките, културните и религиозните разлики во Македонија, и многу поодлучно дејствување за искоренување на дискриминација по сите основи.

Кочо Андоновски од Хелсиншкиот комитет, рече дека "дискриминацијата врз основа на политичките убедувања и припадност беше најжестока" и апелираше за ставање крај на насилството против активистите посветени на борбата за човекови права.

Гордана Несторовска од Хелсиншки комитет ги повика студентите, кои отсуствува од маршот, како група која треба да започнува иницијативи, да се приклучат во борбата за ново демократско општество, ослободено од дискриминација.

"На овој ден, ние имаме изјава од Министерството за труд и социјална политика, што јасно кажува дека хомосексуалноста нема да биде прифатена како нормална појава. Тоа доаѓа од самата институција која треба да ја спречи дискриминацијата и  да го спроведе законот против дискриминација", рече Славчо Димитров од Коалицијата за заштита на маргинализираните заедници.

Претставници на дипломатскиот кор стационирани во Македонија, пратеници од неколку политички партии, претставници на невладини организации и мал број граѓани земаа учество во маршот.

Избегнувани од страна на главните текови на општеството, сексуалните работници/чки кои страдаат од болести поврзани со ХИВ во Најроби, најверојатно, нема да добијат помош од своите засегнати соседи. Наместо тоа, некои од нив се згрижени од страна на своите колеги/шки сексуални работници/чки.

Една група од 25 сексуални работници/чки, кои се нарекуваат себеси Knight Nurses, се активни повеќе од една година во сиромашниот кварт Хурума. Тие редовно ги посетуваат и им помагаат на другите членови на групата и нивните членови на семејство кои се ХИВ позитивни и врзани за кревет. Тие, исто така организираат и посети во болницата, за да се осигураат дека ги примаат нивните лекови.

На неделната средба на Knight Nurses, 20-те присутни членови донираа по 20 кениски шилинга и прехранбени продукти за два свои болни членови.

На средбите секогаш се нагласува важноста на безбедниот секс за да се спречи зараза со ХИВ, и се витален извор на информации за присутните кои немаат информации за безбеден секс од владините програми.

Студент од Вашингтон стана првото транссексуално лице кое игра кошарка во Националната Атлетска Асоцијација (NCAA) во САД.

Kye Allums, 21, од Универзитетот Џорџ Вашингтон, овој месец ќе се врати во тимот на жените, иако тој денес се смета за маж.

На играчот му е дозволено да продолжи да игра во женската дивизија, се додека тој не почне да ја прима хормонската терапија.

Иако тој се смета за маж, Allums ќе продолжи да игра за тимот на жените, од кој ја има добиено својата стипендија. Тој има намера да започне со третман со тестостерон по неговата последна игра за универзитетот.

Од универзитетот велат дека тој има право да игра за тимот се додека ги почитува правилата на NCAA во врска со хормонската терапија и забранетите лекови.


БАРАЊЕ до Министерот за образование

Имајќи предвид дека веќе со години во македонскиот образовен систем (основното, средното и високото образование) се публикуваат учебници кои служат за целите на наставата, а во кои се презентираат ставови и сознанија поврзани со сексуалноста и сексуалната ориентација кои се научно незасновани, застарени и идеолошки обоени;

Имајќи ги предвид 10-та ревизија на Меѓународната Класификација на Болести (МКБ-10), усвоена од страна на Светската здравствена организација – СЗО, во која под ознаката F66 Психолошки растројства на обноските поврзани со сексуалниот развој и ориентација и други растројства експлицитно напоменато стои дека дека ‘сексуалната ориентација сама по себе не се смета за растројство’, како и DSM- IV класификацијата објавена 1973 година од Американското Здружение на Психијатри во која хомосексуалноста исто така не се наоѓа на листата на ментални растројства , а кон кои се придружуваат и одлуките на Македонската лекарска комора и Македонската асоцијација на психијатри;

Имајќи предвид дека ваквите текстови претставуваат опасност и обид за манипулација на образованието за целите на ширење на хомофобија, говор на омраза и поттикнување на негативни предрасуди и социјално исклучување на хомосексуалците;

Имајќи го предвид фактот дека ваквите текстови претставуваат сериозно прекршување на основните национални и интернационални одредби со кои се забранува хомофобијата и најстрого казнува секаков вид на говор на омраза, вклучително со Лисабонскиот Договор, член 5б, каде што експлицитно е нагласено дека “во дефинирањето и имплементирањето на сопствените политики и активности, Унијата ќе се стреми кон борба против дискриминацијата, заснована на пол, раса или етничко потекло, религија или верување, попреченост, возраст и сексуална ориентација“. Во оваа насока и чл. 3 од новоусвоениот Законот за спречување и заштита од дискриминација во Македонија, со кој најстрого е регулирана дискриминацијата на сите граѓани врз многубројни основи, вклучително и врз основа на сексуалната ориентација или родов идентитет, истакнува дека “се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор“.

Имајќи предвид дека ваквите текстови не ги почитуваат сознанијата, одредбите и прогласите на цела низа релевантни институции во доменот на медицината и психологијата и психијатријата, со чинот на патологизација на хомосексуалноста, а во книги кои се користат како учебник во средното образование, активно учествуваат во дискриминаторската пракса на ширење на хомофобични изјави , и тоа помеѓу лица кои допрва го стекнуваат суштинското образование и кои активно учествуваат во консолидацијата на македонското општество.

Со оглед на сето гореспоменато, ние долупотпишаните организации, установи и индивидуи, бараме од Министерството за образование:

    * итно повлекување на сите учебници од ваков тип од нивна понатамошна употреба во наставно-образовниот процес како нужна превентивна мерка за спречување на идните штети кои произлегуваат од нивната употреба (Костова Марија. Педагогија за трета година гимназиско образование. Скопје: Просветно дело, 2005; Темков Кирил. Етика за втора година гимназиско, Просветно Дело 2004; Чадловски Георги. Психијатрија. Скопје, Просветно дело: 2004; Чадловски Георги. Медицинска психологија. Скопје, Просветно дело: 2004; Шкариќ Олга. Развојна Психологија . Скопје, Филозофски факултет: 2004;)
    * Министерството за образование да спроведе соодветни санкции за авторите и рецензентите на учебниците и да востанови механизми за избегнување на вакви состојби при рецензирањето на нови учебници и да организира и да спроведе обуки на лицата одговорни за одобрување на наставно – образованите програми и соодветните учебници
    * Да воспостави систем за спроведување на санкции за сите кои поттикнуват хомофобични ставови во рамки на наставно-образованиот ситем во Република Македонија.
    * Министерството да спроведе систематска ревизија на целокупните образовни програми со што би се коригирале и спречиле сите можности за хомофобија и секаков друг вид на говор на омраза и дискриминација во образовниот систем.

Со почит,

Коалиција ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните  заедници’


Европскиот суд за човекови права ја донесе својата одлука во случајот „Николај Алексејев против Русија“. Во одлуката се вели дека Русија ја прекршила Европската конвенција за човекови права со забраната на московските паради на гордоста во 2006, 2007 и 2008 година.

ILGA-Европа ја поздравува оваа важна одлука за лезбејските, геј, бисексуални, транс и интерсексуални заедници во Русија и им честита на организаторите на парадите на гордоста во Москва за оваа значајна правна победа.

Судот истакна дека "самиот ризик за создавање на немири преку мирна демонстрација не беше доволен да ја оправда забраната. Ако секоја веројатност за создавање тензии и остри расправи помеѓу спротивставените групи за време на демонстрациите резултираше со нивна забрана, општеството би било лишено од слушањето на различни ставови за прашањата што се навредливи за мнозинството, а тоа е во спротивност со принципите на Конвенцијата."

Maxim Anmeghichean, програмски директор на ИЛГА за Европа, кој беше присутен во Москва во 2006-та и 2007-та година во текот на првите обиди за организирање на парада на гордоста во Москва, рече:

"Им честитаме руските ЛГБТИ активисти за оваа значајна правна победа. Ние веруваме дека тие сега се опремени со многу цврста правна алатка со која ќе можат во целост да го искористат своето уставно право да организираат јавни настани и да го изразат своето мислење.

Покрај тоа, со денешната одлука се зајакнува должноста на руската држава да обезбеди целосна и соодветна заштита на ЛГБТИ јавни настани од сите обиди за нарушување или од оние кои насилно се противат овие настани. "


Реакција против хомофобичниот говор на омраза на г-нот Драган Павловиќ - Латас

Почитувани,
Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници најостро реагира на колумнистичкиот текст објавен на 18.10.2010 во Вечер со наслов Знамиња, а потпишан од Драган Павловиќ Латас. Коалицијата го осудува хомофобичниот говор на омраза со кој се стигматизираат нехетеросексуалците преку негативно стереотипизирање и креирање на ирационален страв кај општата јавност од истата група луѓе.

Додека Советот на Европа ја слави годишнината од усвојувањето на Европската конвенција за правата на човекот, ние во Македонија со жалење можеме да утврдиме дека принципите на човекови права, еднаквост и недискриминација се сеуште под сериозен удар и закана. Погорепосочениот текст сметаме дека претставува парадигматичен удар врз правото на еднаквост на луѓето со нехетеросексуална ориентација. Во текстот се експлоатираат негативни стереотипи и предрасуди кон хомосексуалците и се поттикнува страв и нетрпеливост кон оваа група на луѓе како „закана“ и „опасност“, не само за граѓаните на Република Македонија, туку и за целиот човечки род. Со ваквиот говор се загрозува  нивната безбедност и право на достоен живот ослободен и заштитен од дискриминација.
Она што посебно загрижува во последниов од низата хомофобични написи на Д.П.Латас е имплицитното одобрување на насилниците кои на најбрутален начин се обидоа да ја попречат Парадата на гордоста во Белград, кои ја нападнаа полицијата, го демолираа центарот на Белград, при што беа повредени стотина полицајци и граѓани.

Конечно, истиов текст не само што ја поттикнува нетрпеливоста и стигматизацијата кон луѓето со поинаква сексуалност - неосновано претставени како преносители на ХИВ и опасност за наталитетот - туку, во исто време го поттикнува и стравот и стигмата кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и кон сите индивидуи кои не учествуваат во репродуктивната национална и биолошка матрица.

Коалицијата ги повикува сите државни институции, медиумите и општата јавност одлучно да застанат и да го осудат хомофобичниот говор со кој се подриваат основните демократски принципи, еднаквоста, правдата и недискриминацијата.
Коалицијата бара од Владата да изготви посебна програма за борба против хомофобијата и социјалното исклучување на лицата со поинаква сексуалност, која ќе содржи конкретни активности за борба против хомофобичниот говор на омраза, вклучително и законски измени кои ќе овозможат негово препознавање и санкционирање.

Американската добротворна организација која нуди по 200 фунти на зависниците од дрога или алкохол да се стерилизираат - веќе го доби својот прв клиент во Велика Британија.

Организацијата Project Prevention, која работи по иста програма и во САД така што на зависниците им нуди по $300 за долгорочна или трајна контрацепција, има за цел да го намали бројот на бебињата родени со зависност од дрога или алкохол, како резултат на навиките на нивните родители.

Барбара Харис, основач на организацијата, по посвојувањето на децата на еден зависник, почна да им нуди пари на зависниците во Лондон, Глазгов, Бристол и Велс кои се подготвени да се откажат од своите идни потомци со тоа што ќе се стерилизираат.

Оваа пракса во Велика Британија наиде на многу противници кои ја окарактеризираа како искористување на ранливи луѓе во нивните најтешки моменти.


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во вторникот ја пофали српската полиција за заштита на учесниците на геј парадата, во исто време обвинителите отворија криминална истрага против лидерот на екстремно десничарската група за организирање на насилните анти-геј протести.

Повеќе од 150 лица се повредени, во неделата во центарот на Белград во пресметки со полицијата, додека илјадници десничарски демонстранти се обидоа да го спречат маршот со фрлање молотови коктели и гранати кон полицијата.

"Јас особено сакам да и честитам на полицијата за храброста со која го обезбеди  настанот минатата недела", рече Клинтон за време на посетата на Белград.

Маршот, на кој учествуваа околу 1.000 учесници, се сметаше за главен тест за српската влада, која вети дека ќе ги штити човековите права, ако сака членство во ЕУ.

Државните обвинители на Србија соопштија дека 130 луѓе се под истрага за обидот да се прекине маршот, а на 66 од нив им беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Ако бидат обвинети и осудени, тие може да се соочат со затворска казна во траење до 12 години.


Врховниот суд во Онтарио утврдил дека кривичните закони кои се однесуваат на водењето на јавни куќи за потребите на проституција и заработувањето од сексуална работа биле неуставни, бидејќи на сексуалните работницi им го прекршуваат правото на безбедност.

Технички, проституцијата е легална во Канада, но многу од активностите поврзани со неа не се.

Сексуалната работничка од Ванкувер, Сузан Дејвис, денот на донесувањто на оваа одлука го нарече "неверојатен ден", бидејќи тоа значи дека сексуалните работници нема да имаат потреба да се плашат да ја повикаат полицијата на помош.

"Тоа е начин за реално маргинализираните жени да побараат помош, без страв дека ќе бидат етикетирани како криминалци," се согласува Кери Порт, извршен директор на организацијата Prostitution Alternatives Counselling and Education Society.

Ако некој од сексуалните работници утре биде обвинет, ќе може да се искористи на одлуката на судот во Онтарио во сопствената одбрана пред суд, но не постои гаранција дека оваа стратегија ќе биде успешна.

Организаторите на овогодишниот прајд во Србија велат дека учесниците треба да избегнуваат да пристигнуваат  на настанот во групи или носејќи транспаренти, за да се избегне опасност од насилство.

Десничарските екстремисти се заканија дека ќе има насилството на 10 октомври, денот кога ќе се одржи настанот. Екстремистите насилно ја спречија геј парадата во 2001-та година и ги принудија организаторите да го откажат истиот настан минатата година.

Полицијата вети дека ќе обезбеди сигурност на маршот оваа година, кој треба да помине покрај владините згради во центарот на Белград.

Организаторите во четвртокот објавија дека очекуваат присуство на повеќе од 1.000 луѓе. Тие велат дека најголеми ризик за безбедноста постои пред и после собирот, кога учесниците ќе се разделат во помали групи.

Маршот се смета за тест за српските власти, кои се залагаат за членство на Србија во ЕУ.

Геј епископите не претставуваат проблем за Црквата на Англија се додека тие и понатаму остануваат целибат, изјави кентерберискиот Архиепископот.

Роуан Вилијамс ја изрази својата лична поддршка за осветувањето на геј епископи. Но, тој додаде дека тој никогаш нема да поддржува геј свештеници во активни врски, зашто традицијата инсистира на целибатот.

Тој рече: " Едноставно, не постои проблем за геј човек кој е епископ. Се работи за фактот дека постојат традиционални, историски стандарди за кои од свештенството се очекува да ги почитуваат. Значи секогаш постои прашање за личниот живот на свештенството. "

Во интервју за "Тајмс", д-р Вилијамс објасни дека тој претходно застана против хомосексуалноста, бидејќи "цената за тоа беше преголем товар за Црквата ".

Овој коментар го разбесни Петар Тачел, активист за човековите права, кој рече: "Сепак, повторно, Роуан има двојни стандарди за геј свештениците ... Јас не знам како Роуан спие ноќе. Пред да стане кентербериски Архиепископ, тој ја поддржуваше инклузијата и еднаквоста на геј луѓето.


Додека властите се борат да обезбедат мирни услови за учесниците на Белгратскиот прајд закажанан за 10 октомври, српскиот „лекар“ Мирољуб Петровиќ го најави отварањето на својата клиника за лечење на хомосексуалност.

Пред една година, тој отвори центар за лечење на хомосексуалност, која тој ја гледа како "сериозна психијатриска болест што доаѓа како последица на нездрав стил на живеење, лошо образование и употреба на наркотични дроги." На тој начин се третирани 20 пациенти досега .

Пред неколку години, одборот на Американската психијатриска асоцијација објави дека таквиот третман само може да предизвика депресија, анксиозност и самоуништувачко однесување.

Најновата изјава на Петровиќ предизвикаа масовна шокираност меѓу српските геј и лезбејски организации.

Во протестното писмо, тие побараа од министерот за здравство Томица Милосављевиќ да започне истрага за работата на клиниката и центарот за лечење на Петровиќ, прашувајќи дали Министерството за здравство, всушност ја има одобрено дозволата за работа на Петровиќ.

"Ве молиме да дадете јавна изјава дека хомосексуалноста не е болест", се вели во писмото, во кое се потсетува на резултатите од најновите истражувања кои покажаа дека 67% од српските граѓани ја доживуваат хомосексуалноста како болест.


Неколку часа по објавата на датумот за геј прајдот во Белград, графити со говор на омраза почнаа да се појавуваат во српскиот главен град.

"Ние ве чекаме" е еден таков пример пријавен од страна на белградската телевизиска станица Б92.

Но, српскиот претседател Борис Тадиќ вчера изјави дека земјата има устав
кој ги штити правата на сите луѓе, без оглед на националноста, религијата или личниот идентитет.

"Уставот им го гарантира правото да се биде различен на малцинствата и на сите луѓе. Србија е дом за сите нејзини граѓани ", изјави претседателот за вестите на Б92.

Минатиот петок, белградскиот шеф на полицијата, Ивица Дачиќ говореше директно за прајдот. Тој рече дека дека насилството нема да се толерира, и додаде дека се започнати истрагите за графитите кои содржат говор на омраза, како и за заканите испратени на преку Фејсбук и Јутјуб,

Ќе бидат преземени санкциони мерки против оние што се одговорни, изјави Дачиќ за новинските агенции.



Парадата на гордоста ќе биде одржана на 10. октомври во центарот на Белград, најавуваат организаторите, пренесува Прес онлајн.

Организаторите на парадата порачаа дека тоа ќе биде „мирен и ненасилен јавен собир на кој ќе се покаже дека лезбејките, геј, бисексуалните и трансродните (ЛГБТ) луѓе во Србија можат слободно и без страв да прошетаат низ улиците на Белград. Тие додаваат дека ЛГБТ луѓето на овој собир ќе бидат заедно со сите кои се залагаат за рамноправност, толеранција и почитување на човековите права.

„Парадата не ја гледаме како наша крајна цел, туку како средство преку кое ќе се добие внимание од општеството за проблемите со кои ЛГБТ популацијата во Србија секојдневно се соочува и со кое бараме од државата со насилството и дискриминацијата систематски да се соочи,“ соопштија од Организациониот одбор на Парадата на гордоста.

Геј парадата во Белград минатата година беше откажана еден ден пред нејзиното одржување на 20. септември. Организаторите на состанок со премиерот Мирко Цветковиќ на 19. септември добија решение во кое се наведува дека не постојат услови парадата да се одржи без инциденти на платото пред Филозофскиот факултет (во центарот на Белград), со препорака да биде во Ушче парк кој е понастрана од строгиот центар на градот.

Организаторите го одбија ова и ја откажаа манифестацијата. Безбедносните мерки за парадата вклучуваа 5 000 полицајци но српската полиција предупреди дека навивачите и екстремистите кои паралелно ќе дојдат би можеле да ја надминат оваа бројка за два пати повеќе.

Оваа година одржувањето на Парадата на гордоста веќе е поддржано од дел од членовите на српската влада, меѓу кои и министерот на полицијата Ивица Дачиќ и министерот за човекови права Светозар Чиплиќ.


Британски официјални лица ја разгледуваат португалската пионерска програма за превенција од дрога со која се декриминализира поседувањето на психотропни супстанции, вклучувајќи ги  хероинот и кокаинот.

Програмата за прв пат е воведена пред речиси една деценија, и со неа поседувањето на  дрога стана администативен прекршок, според кој лицата фатени со дрога за лична употреба се праќаат пред испитен одбор наместо да ги бидат законски гонети.

Одборот, кој се состои од социјални работници и психолози кои ги испрашуваат корисниците на дрога, има моќ да наметне различни санкции, вклучувајќи и парични казни, или препорачување на соодветен третман. Корисниците кои се фатени со дрога повеќе од еднаш, се праќаат да се појават во полициски станица или кај доктор.

Висок официјален претставник на Институтот за дрога и зависности при Министерството за здравство на Португалија, беше дочекан од владата на Велика Британија пред околу еден месец за да им даде совети за тоа како успеала програмата за превенција од дрога од 2001 година.


Катманду - Стотици геј луѓе, лезбејки и трансексуалци се молеа монсунските дождови да не почнат за време на геј парадата, која се оддржа минатата среда во главниот град на  Непал, предводена од едниствениот политичар кој отворено ја искажува својата хомосексуална ориентација во Јужна Азија.

Маршот беше во организација на непалскиот парламентарец Sunil Pant, активист за правата на ЛГБТ популацијата, кои јаваше низ градот качен на слон проследен од 500 симпатизери, од кои многумина танцуваа и свиреа музички инструменти.

Прајдот беше темпиран да се совпадне со фестивалот Хинду на Gai Jatra, традиционално шарен настан во кој многумина млади мажи се преоблекуваат во жени.

Непал е една од ретките прогресивни земји во Јужна Азија во поглед на правата на геј луѓето и лезбејките, а во непалскиот парламент во мометот се расправа за законот за легализација на хомосексуалните бракови.


23-годишниот Kинез кој се има заразено со вирусот СИДА во неговата младост преку трансфузија на крв и кои оттогаш активно учествува во кампањите за правата на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, беше лишен од слобода минатата сабота.

Tian Xi, кој им се пожалил на другите активисти дека неговите постојани протести ги налутиле властите во Кина, беше притворен во вторникот во болница во градот Henan кој се наоѓа во провинцијата Xincai и потоа бил одведен на непозната локација.

Tian лобираше за надомест на штета на илјадниците Kинези кои како него самиот, се имаат заразено со ХИВ преку инфицирани резерви на крв.

Властите во Кина велат дека најмалку 740.000 луѓе живеат со ХИВ, но активистите велат дека реалните бројка е далеку повисока.


Врховниот суд  во Мексико донесе одлука за признавање на истополвите бракови кои се извршени во Мексико Сити, главниот град на државата. Ова значи дека со оваа одлука секоја од 31-та различни држави во Мексико ќе мора да ги признаат сите геј бракови од Мексико Сити.

Со одлуката не се бара од другите Мексикански држави да дозволат усвојување на истополвите бракови.

Во Врховниот суд се гласаше 9-2  ко корист на одлуката за прифаќање на истополовите бракови од Мексико Сити на национално ниво. Судот наведе уставен закон со кој се бара да се признаваат правните договори основани надвор од границите на сојузините држави.

Како и Вашингтон, главниот град на Мексико е правно одвоен од другите сојузни држави.

Во март, законот за истополови бракови беше усвоен од страна на федерален округ на Мексико Сити, давајќи им ги истополовите парови сите права коио ги уживаат хетеросексуалните парови - вклучувајќи заедничко социјално осигурување и право да посвојуваат деца.


Амандманот 8, кој престауваше деликатна изборна тема, беше одобрен во Калифорнија во ноември 2008-та година со 52 проценти „за„ од вкупниот број на гласови. Гласачите излегоа на референдум, откога државниот Врховен суд донесе одлука со која се дозволуваат истополовите бракови.

Застапниците на истополовите бракови беа воодушевени од одлуката на судот, а противниците покренаа обвиненија за т.н. судски активизам од страна на американскиот Окружен судија Вон Вокер, републиканец кој исто така е отворено геј.

"Хетеросексуалните бракови не се подобри од истополовите,како партнери, истополовите и хетеросексуалните двојки се еднакви", напиша Walker во неговата одлука.

На геј луѓето и на лезбејките не им е дозволено да се венчаат се додека трае  процесот на жалби. Случајот ќе оди на Апелациониот суд, а можеби и на крајот ќе стигне и до американскиот Врховен суд.

Постојат сериозни проблеми во Фиџи поради зголемувањето на бројот на ХИВ-СИДА позитивни случаи и преставниците на Министерството за здравство ги повикуваат жителите да преземат акција и да се спречи ширењето на смртоносниот вирус, откако оваа година на тестовите, три новородчиња се покажале како ХИВ позитивни.

Портпаролот на Министерството за здравство на Фиџи, Peni Namotu, во четвртокот за локалните медиуми изјави дека Министерството сака да ги вклучи сите, и верските организации, и наставниците и родителите, да се преземе акција и да се осигура дека луѓето употребуваат превентивни мерки.

Само минатата година, имаше 43 нови случаи и ова беше еден алармантен податок за население кое брои нешто повеќе од 850.000 луѓе. Најновите статистички податоци покажуваат 21 нови ХИВ позитивни случаи до месец јуни оваа година, со што вкупниот број ХИВ позитивни случаи е 354 лица.

Исто така, се сугерира дека училишниот систем мора да ги имплеметира програмите за сексуална образование и кај помалдите ученици.