До: Никола Груевски, Премиер на Владата на Република Македонија,
Михајло Маневски, Министер за правда,
Џељаљ Бајрами, Министер за труд и социјална политика
Трајко Славевски, Министер за финансии
Бујар Османи, Министер за правда
Ивица Боцевски, Заменик на претседателот на Владата на Република Македонија
Предмет: Реакција по однос тендерот на Владата на Република Македонија за кампања за објаснување на последицита од абортус и Барање за повлекување на истиот или негово изменување
Почитувани,
Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХЕРА, ХОПС, МАССО, ЕГАЛ, СТАР, ИЗБОР, ММНШ) реагира по однос објавениот владин тендер за објаснување на последиците од абортус, наоѓајќи го притоа истиот како потенцијален иницијатор на серизно ограничување на сексуалните и репродуктивни права на жените и контрапродуктивен соогласно препораките дадени во “Стратешката проценка на политиката, квалитетот и пристапот до контрацепција и абортус во Република Македонија“ издаден од страна на Министерството за здравство и Републичкиот Завод за здравствена заштита (Октомври 2008) како владинини институции.