СТАР – Заеднички почеток за уметност и романса

СТАР – Заеднички почеток за уметност и романса

starВо Македонија постојат голем број на сексуални работници кои живеат во страв од насилство, осуди, дискриминација и голема стигма. Стравот се јавува поради побројните законски мерки, со кои се ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници.

Стравот, насилството, осудите, дискриминацијата и големата стигма најчесто се предизвикани од страна на полицијата, здравствените установи, центрите за социјална работа, дел од општата популација која врши вербално физичко и психичко насилство врз сексуалните работници.

За да се одбраниме од сите овие негативности кои не спречуваат да се развиваме како нормални луѓе, се собравме група сексуални работници и нивни подржувачи и заедно застанавме во одбрана на нашите и правата на сексуалните работници. Една од причините за формирањето на овој програм е и да се спречи ширењето на страдањето во социјалното општество.

Нашите цели  се да се избориме во подобрување на законските мерки, спречување на насилството врз сексуалните работници, подигнување на свеста за сексуалното и репродуктивното здравје кај сексуални работници притоа давајќи главен акцент на  ХИВ/СИДА  и сексуално преносливи инфекции, да се добие појасна слика за сексуалната работа во која ке се покаже дека сексуалните работници нудат и различни уметнички активности кои се поврзани со романсата и се од големо значење за историското постоење на човекот.

Идеите за започнување на овој програм се потикнати од членови на самата целна група и лица кои ги подржуваат сексуалните работници во борбата за нивните права кој секојдневно се прекршуваат и тие секојдневно завршуваат со молк.