Сексуална работа во Македонија

Сексуална работа во Македонија

sexworkmacМакедонија има население од приближно 2 000 000 жители. Не постојат никакви релевантни или систематски истражувања во врска со степенот/пропорциите на сексуалната работа во Македонија. И покрај тоа, врз база на изјави од професионалци и јавни медиуми, јавноста оперира со бројка од 3000 до 4000 луѓе вклучени во сексуалната индустрија, вклучувајќи ги и оние кои се присилени да вршат сексуални услуги, односно оние што можат да се идентификуваат како жртви на трговија со луѓе.

Најголемиот дел од сексуамната индустрија/работа во македонија се одвива во ноќни клубови (кои најчесто функционираат како нелегално бордели/јавни куќи), барови и приватни станови. Работа на отворено (улици) постои во ограничен број, “но сексуалните работници кои оперираат таму најчесто се оптоварени со огромен број на здравствени, социјални и законски проблеми (ниско ниво на едукација и информираност за сексуално и репродуктивно здравје, сексуално преносливи болести и заштита од истите, високо ниво на ризично однесување поврзано со употреба на дрога и алкохол, високо ниво на насилство, стигматизација, проблеми со лични документи, ‘непостоење’ во државните институции итн.)”.

Иако постојат информации дека сексуална работа во Македонија постои, расте и се проширува во полседните петнаесет години, “државата сеуште нема изградено јасен нормативен систем со прецизно дефинирани мерки и органи задолжени за превенција и следење на проституцијата и сите нејзини странични/колатерални појави. Според тоа ние во моментов сме во ситуација во која проблемот на проституцијата се третира/решава од страна на органите на Министерството за внатрешни работи како проблем на нарушување на јавниот ред и мир, силно поврзан со криминални активности, како и од центрите за социјална работа кои се занимаваат со проблемот на проституција само во случаи кои вклучуваат општествени прашања. Согласно со оваа диференцијација/разграничување, двата органи имаат различни дефиниции и пристапи кон оваа општествена појава, не ја следат систематски и немаат никакви записи ниту какви било други податоци во врска со тоа. Здравствениот аспект на проституцијата е уште повеќе занемарен.”

Во правните регулативи на Република Македонија изведувањето на сексуална работа, односно “оддавање на проституција” е нарушување на јавниот ред и мир (член 27 од Законот за нарушување на јавниот ред и мир во Р.М.), додека некои други активности поврзани со сексуалната работа (подведување, охрабрување, заработување од обезбедување на сексуални услуги) се третираат и казнуваат како криминални прекршоци (член 191 од криминалниот законик на Р. М. 1996).

Како и да е, во реалноста “МВР не прави разлика меѓу проституција и “експлоатирање/употреба/искористување на проституција”, така што презема мерки за “елиминација на проституцијата” наместо за “елиминација на експлоатирање во проституцијата” и како последица на тоа презема драстични полициски мерки против жртвите на експлоатација наместо против експлоататорите”.
Сето ова влијае на дигнитетот и човековите права на сексуалните работници и ги доведува до константна закана (како резултат на селективните промени на законот и постоечките негативни стеротипи) што води кон зголемување на насилството и стигматизацијата, создавање недоверба кон институциите, маргинализација и создавање на тешко достапни групи кои се најмногу изложени на СПИ и ХИВ.

Должејќи се на опишаната ситуација, невладината организација ХОПС – опции за здрав живот, Скопје која разви програма за намалување на штетите од употреба на дрога уште од 1997 година, креираше програма за превенција на ХИВ/Сида и СПИ помеѓу сексуалните работници кои работат на отворено (на улица) во Скопје и сексуалните работници кои работат во затворен простор (приватни станови, салони за масажа). Во согласност со утврдените потрби на контактираните сексуални работници кои не можат да бидат задоволени од страна на постоечките институции, ХОПС ги подобри/усоврши своите услуги со воведување на услуги за социјална, здравствена и законска поддршка, разви дневни центри (за прифат) за сексуалните работници, започна програми чија целна група се клиенти на сексуалните работници, но и нивните семејства, партнери и деца, и континуирано работи на општествена еманципација что доведе до основање на нова неформална група на сексуални работници СТАР.

И покрај ова, програмата која ХОПС ја спроведува е единствена во целата земја, покриова мал број на сексуални работници и услугите кои ги обезбедува с3е достапни само на сексуалните работници кои живеат и работат во Скопје. Владините и политичките власти/авторитети не ја сметаат сексуалната работа за прашање за дискусија/дебата, освен можеби само како проблем на јавното здравство и превенцијата на ХИВ/СИДА (Министерство за здравство и грант поддржан од ГФАТМ); медиумите го третираат проблемот само преку неговата поврзаност со криминалот и поради сензационализам, општата јавност е игнорантна и заинтересирана само за моралната перспектива, додека човечката и трудовата перспектива е отсутна на сите ове рамништа.

Сево ова ја нагласува потребата од идна поголема инволвираност на сексуалните работници и нивните сојузници во застапувањето за поставување на прашањето/проблемот за сексуална работа на политичката и јавна агенда не само како здравсвтен, туку и како проблем поврзан со трудот и човековите права.