Соопштение до Медиуми за прес конференција

Соопштение до Медиуми за прес конференција

pressДенеска, на ден 23.11, во НВО Инфоцентар, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, ИЗБОР, СТАР) одржа прес конференција по повод “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, спроведена на 20-21.11 во Скопје.

Збор на конференцијата зедоа: Славчо Димитров, Координатор на Коалицијата, Жарко Трајаноски, консултант за човекови права на Коалицијата, Марија Тошева, Директор на програмата за подршка на сексуални работници при НВО ХОПС и Бојан Јованоски, Извршен Директор на НВО ХЕРА.

Со оглед на фактот дека во рамки на спроведувањето на целокупната акција од страна на СВР Скопје беа забележани сериозни индикации за серија груби процедурални грешки, злоупотреба на службената должност и флагрантни прекршување на основните човекови и здравствени права на сексуалните работници, Коалицијата упатува неколку групи на прашања до надлежните институции чиешто одговарање сметаме дека е нужно за разрешување на сите нејаснотии и можни неправилности во споменатите настани.

Во прилог следат и прашањата коишто беа елаборирани на денешната прес конференција.