Live Nation откажа настапи на антигеј музичар

Live Nation откажа настапи на антигеј музичар

Промотерите на коцерти Live Nation минатиот четврток откажа серија на концерти на јамајканскката денсхол ѕвезда Buju Banton, откако геј активисти ја убедија компанијата да го отпушти музичарот преку и-мејл кампања.

Настапите на Banton беа закажани за октомври во повеќе градови меѓу кои Чикаго, Лас Вегас, Далас и Хјустон. Меѓутоа минатата недела, активистите почнаа да ја контактирааат Live Nation за да ги искажат своите несогласувања со промоцијата на неговите насилни антигеј стихови.

Во песната како Boom, Bye Bye од 1988-та, Banton повикува на тортура и убивање на геј лица. Live Nation соопшти дека концертите на Banton се откажани и дека парите ќе им бидат вратени на лицата кои набавиле билети.



Banton долго време е оспоруван од ЛГБТ активистите заради неговите антигеј стихови и однесување. Во 2006-та беше ослободен од обвинувањата за напад врз група на геј мажи во Кингстон, главниот град на Јамајка. Во 2007-та тој го потпиша Reggae Compassionate Act-от, во кој тој се обврзува да не пее антигеј стихови или пак да изјавува хомофобични изјави, но подоцна одрекуваше дека го потпишал документот.