САД: Смртоносна игра со СИДА-та

САД: Смртоносна игра со СИДА-та

Приближно 600 000 американци имаат починато од СИДА од почетокот на епидемијата.  Во третина од случаите станува збор за корисници на дрога кои инјектираат и кои се заразиле со ХИВ преку споделувањето на нечисти игли и кои во некои случаи, подоцна ги имаат заразено своите брачни партнери, љубовници и неродени деца.

Голем број од починатите немале да бидат воопшто зарезени доколку Конгресот дозволел федерлано финасирање на програми за размена на опрема на инјектирање преку која се спречува ширењето на болеста без да се зголеми употребата на дрога.

Таква програма спорведена на државно ниво спасила илјадници животи во Њујорк, преку размена на опрема за инјектирање и внесувањето во третманите за рехабилитација се намалиле случаите на инфицирање помеѓу корисниците на дрога за околу 80 проценти во период од неколку години.

Но, со забраната за употреба на пари од федералниот буџет за ваквите програми во 1988-та година, во самиот пик на епидемијата, федералните закондавци од рацете испуштија моќно оружје за борба против оваа болест.

Програмите за размена на опрема за инјектирање се корисни на повеќе нивоа. Тие придонесуваат безбедни централни локации каде што зависниците можат да ги фрлат употребаните пумпи преку системот за отстранување на медицински отпад, наместо да ги оставаат на самите улици и игралишта за кои законодавците велат дека сакаат да ги заштитат.