Во Aceh неверство ќе се казнува со каменување

Во Aceh неверство ќе се казнува со каменување

Во индонезиската провинција Aceh е донесен нов закон со кој прељубата се казнува
со каменување до смрт, изјави член на парламентот на покраината.

Со законот, исто така, се наметнуваат строги казни за силување, хомосексуалност,
конзумирањето алкохол и коцкањето.

Противниците се обиделе да го одложат законот, велејќи дека  е потребно повеќе
дебата бидејќи со законот се предвидува смртна казна.

Шеријатскиот закон беше делумно имплеметиран во Aceh во 2001-та година, како дел
од решението на владата да се смират сепаратистички бунтовници.


Мировниот договор во 2005 година го  заврши на 30-годишниот бунт, и многу од
поранешните бунтовници влегоа во владата во Aceh, која ужива одреден степен на
автономија од централната влада во Џакарта.

Легислативата беше усвоена едногласно од регионалнита законодавна власт во Aceh,
изјави Bahrom Rasjid, член на собранието.

“Овој закон ќе стапи на сила во рок од 30 дена со или без одобрение на гувернерот
на Aceh”, рече тој.

Гувернерот на Aceh, поранешен бунтовник во движењето за слободен Ацех, се противи
на строгите шеријатски закон. Тој инсистираше на поголема дебатата околу
нацрт-законот.

Околу 90% од 235 милиони луѓе  во Индонезија се муслимани кои практикуваат
умерена форма на религијата.