Протест против затворањето на центар за инјектирање

Протест против затворањето на центар за инјектирање

Група на активисти од центарот на Ванкувер се закани дека ќе пристапи кон граѓанска непослушност во знак на протест против затворањето на центар за безбедно инјектирање.

Центарот Insite, кој првпат беше отворен во 2003 година, е првиот легален центар во Северна Америка за безбедно инјектирање кој работи по принципите на програмите за намалување на штети.

Финансиран од страна на Министерството за здравство на Британска Колумбија, Insite функционираше под посебен исклучок од сојузниот закон за контролирани супстанции и лекови.

Иако изземањето од законот е обновено неколку пати по 2006-та година, федералната влада се закани дека ќе го затвори центарот, а постапката за укинување моментално е во тек.

Програмата за намалување на штети се однесува на јавните политики со цел да се декриминализра рекреативната употреба на дроги и на лицата кои злоупотребуваат контролирани супстанции да им се обезбедат безбеден начин за намалување на ризиците од болестите како што се хепатитис и ХИВ.

Центрите за безбедно инјектирање успешно се користат во голем број европски земји уште од 1986 година.