Затвор за дилерите, слобода за корисниците на дрога

Затвор за дилерите, слобода за корисниците на дрога

Војната против дрогите во Тајланд е целосно неуспешна, што кореспондира со ситуацијата на глобално ниво. Во текот на изминатите 18 години процентот на ХИВ инфекции помеѓу лицата кои инјектираат дроги остана на шокантно ниво од околу 40 проценти.

Поради тоа што проблемот со дрогите во Тајланд е толку видлив и неприфатлив за јавноста, секоја досегашна влада во борбата за гласови мораше да покаже цврстина за овој проблем. За жал, големите дилери со дрога не се погодени од “војната против дрогата”, за разлика од несреќните корисници на дрога.

Британската коалиција за политики на дроги “Count the Costs” (countthecosts.org) соопшти дека војната против дрогата создава големи трошоци кои произлегуваат од присилниот пристап во справувањето со проблемот на дрогите преку кој организираниот криминал ја контролира трговијата со дрога.”

Глобалната ХИВ/СИДА епидемија покажа дека криминализација на корисниците на дрога е важен фактор кој придонесува за ширењето на ХИВ, но и дека на корисниците на дрога им оневозможува пристап до едукација за СИДА-та и здравствени услуги.

Со досегашниот присилен пристап, исто така, се покажа дека се попречуваат напорите за поттикнување на лицата кои инјектираат дроги да користат чисти игли и шприцеви, и се поттикнува споделувањето на приборот за инјектирање со другите корисници.

Во земјите со силна програми за намалување на штети, лицата кои инјектираат дроги се охрабруваат да користат многу видови на сервиси за превенција на ХИВ, какви што се центрите за размена на игли и шприцови, простории за инјектирање дрога и и терапија со метадон.