Црна Гора: Владата ја подржа првата геј парада

Црна Гора: Владата ја подржа првата геј парада

Владата на Црна Гора ја даде својата поддршка за првата геј парада во земјата која ќе се одржи на 31-ви мај и преставува тест за подготвеноста на земјата да ги почитува човековите права, доколку сака да стане членка на Европската унија.

Противниците на прајдот во конзервативната балканска држава го прогласија планираниот марш за “срамен” и ветија дека ќе се обидат да го спречат. Некои од организаторите, од страна екстремистите веќе добија закани преку Фејсбук и други сајтови за социјално вмрежување.

“Се надевам дека се ќе помине мирно” за Асошиетед прес изјави Здравко Чимбањевиќ од организацијата ЛГБТ Форум за напредок, која е организатор на настанот.

Хомосексуалноста останува чувствително прашање за Јадранската нација со 600.000 жители која се гордее со својата конзервативна патријархална традиција и семејните вредности. Владата вели дека одржувањето на настанот ќе биде голем тест за почитување на човековите права во Црна Гора, но сепак таа е решена да ја поддржи парадата.

Вицепремиерот Душко Марковиќ изјави дека владата ќе обезбеди целосна институционална поддршка за организацијата на маршот, со што ќе покаже посветеност на европските вредности на толеранција, еднаквост и социјална инклузија.

Црногорската влада, исто така, соопшти дека органите на прогонот ќе вложат максимални напори да се обезбеди целосна безбедност на учесниците и одржување на јавниот ред за време на митингот.