На 11.02.2009 ХЕРА, во соработка со Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните групи, Акција Здруженска, СОЖМ, ЕСЕ и Ленка, ја организираше конференцијата „Абортусот е право на избор и репродуктивно право на секоја жена“.
Денеска, на ден 23.11, во НВО Инфоцентар, Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, ИЗБОР, СТАР) одржа прес конференција по повод “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје, спроведена на 20-21.11 во Скопје.
Во Македонија постојат голем број на сексуални работници кои живеат во страв од насилство, осуди, дискриминација и голема стигма. Стравот се јавува поради побројните законски мерки, со кои се ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници.Лична карта на Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ)
ВИЗИЈА
Коалицијата „Сексуални и Здравствени права на маргинализирани заедници“ (СЗПМЗ) се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основни приниципи за здраво, демократско и слободно општество.
ХОПС - Опции за здрав живот е здружение на граѓани кое започна со работа во 1997 година како прв проект во Република Македонија за размена на опрема за инјектирање.