„Заокружи 20“ – Онлајн кампања за промоција на Протоколот

„Заокружи 20“ – Онлајн кампања за промоција на Протоколот

12242284_10153889857639893_103664438_n

 

Од денес почнува онлајн кампањата „Заокружи 20“ за промоција на Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

 

Протоколот е изработен во рамки на проектот Унапредување на владеење на правото за ЛГБТ граѓаните во Македонија, остварен од ХЕРА, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Комисијата за заштита од дискриминација, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.

„Овој проект е вистински исчекор во унапредувањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето“ – Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација

Протоколот е достапен на македонски и албански, а можете да го преземете од блогот на кампањата. Исто така, на следниов линк може да поднесете онлајн претставка до Комисијата за заштита од дискриминација .