01 Dec Извештај за случај и повик за реакција
Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници (ХОПС, ХЕРА, МАССО, ЕГАЛ, ММНШ, СТАР, ИЗБОР) најостро ја осудува “координираната акција за сузбивање на уличната проституција“ на СВР Скопје и сметаме дека постојат сериозни индикации за серија груби процедурални грешки, злоупотреба на службената должност и прекршување на основните човекови и здравствени права на приведените сексуални работници, а воедно и нивна директна дискриминација поради фактот дека работат како сексуални работници на отворена сцена.
Имено, на ден 20.11.2008 околу 21ч. во реонот околу МРТВ од страна на СВР Скопје беше спроведена масовна рација при што лишени од слобода и приведени во ПС Бит Пазар беа триесетина сексуални работници, нивни партнери и еден вработен – активист на НВО ХОПС кој во моментот на рацијата ги извршувал своите работни задачи (делење на брошури за превенција на ХИВ/СИДА). Постојат индикации дека во текот на приведувањето, на сексуалните работници не им биле јасно укажани причините за приведување, лишување од слобода и задржување во полициската станица, како и нивните права загарантирани со Устав, закон и меѓународни документи. Околу 22ч. само теренскиот работник на ХОПС е ослободен по интервенција од адвокат со образложение дека наводно е приведен и задржан во ПС Бит Пазар заради утврдување на идентитетот, иако ова лице се идентификувало со лична карта и службена легитимација уште при самото приведување..
Целиот извештај причитајте го овде.