Здружението на граѓани Акција Здруженска и Движењето за социјална правда - Ленка на 17.02.2009 започнуваат кампања под мото „НЕ НАСЕДНУВАМ!”.
Ве повикуваме да и се спротивставите сеопшата манипулација и злоупотребата на репродукцијата која е најчувствителното политичко прашање за жените.
Активирајте се и застанете против огранчувањето на слободата и насилното наметнување идентитети, приоритети и животни стилови.
Спротивставете се на агресивното наметнување на партијархални вредности и стереотипи кои ги обезвреднуваат жените и ги сведуваат на машини за раѓање и чуварки на нацијата.
Не наседнувајте на лицемерната грижа за здравјето, повиците за спас на душите и спас на нацијата.
Застанете против сите кои сметаат дека единствената вредност, потенцијал и интерес на жените е нивната способност да раѓаат деца.
Ве повикуваме да и се придружите на нашата кампања со тоа што ќе го дадете својот потпис на петицијата дадена во прилог.
Проследете го овој повик до сите ваши пријателки, пријатели, организации и мрежи.
Пунктовите на кои ке се собираат потписите во Скопје ке бидат поставени на следните локации:
Во периодот од 17-20.02.2009 од 11:00- 17:00 часот
1. Плоштад Македонија
2. Влезот на ГТЦ (од страната на плоштадот)
3. Улица МАкедонија (кај споменикот на Мајка Тереза)
Во периодот од 17-18.02.2009 од 12:00-15:00 часот
4. Градежен Факултет
5. Комплекс факултети
6. Медицински факултет
За акцијата на собирање потписи на локално ниво ке ве информираме дополнително.
Со почит,
Акција Здруженска и
Движење за социјална правда - Ленка
Петицијата